21 January 2025
АктивностиАрхива

Уште една заедничка активност на Институтот за географија и NOKIA – HERE

оригинално објавено на: 21.9.2014

Слика 1.

На 17 септември 2014 во склоп на соработката помеѓу Институтот за географија и регионалното претставништво на светскиот гигант HERE-NOKIA во Софија, беше одржана обука за ГПС базирано картирање на патната мрежа и точките од интерес во Охрид и околината. Обуката беше наменета за студентите од насоката Географски информациски системи, под раководство на Доцент д-р Свемир Горин (ПМФ) и г-дин Александар Тодоров (HERE-NOKIA).

На студентите најнапред им беше презентирана најсовремена опрема за ГПС базирано картирање на патната мрежа, односно теренско возило опремено со високо прецизена ГПС навигација, работна станица со мобилни мемориски уреди и седум хд камери за видео снимање. Притоа, секој студент доби можност непосредно да се Svemirзапознае со опремата, но и лично да учествува во картирањето. Податоците собрани со теренското возило се одликуваат со субметарска прецизност, а примарно се наменети за ГПС патна навигација.

Слика 2.

Вториот дел од обуката се состоеше во картирање на т.н. точки од интерес (кафулиња, цркви, маркети, банкомати и сл.) во стариот  дел на Охрид. По презентирањето на методологијата, студентите извршија целосно картирање на точките од интерес, но и надополнување на ГИС базата на улици во Стариот Град. Собраните податоци за патната мрежа и точките од интерес  дополнително ќе бидат софтверски обработени, проверени и доставени до корисниците на услугите на HERE-NOKIA. Брендовите како Garmin, Toyota, Yahoo, BMW, Mercedes-Benz се само некои од многубројните корисници на податоците произведени од HERE-NOKIA.

Во наредниот период во план се и други активности со кои студентите ќе се здобијат со нови знаења и вештини, а на крајот на активностите и со светски признат сертификат од компанијата HERE-NOKIA.

Подготвил: д-р Свемир Горин

Leave a Reply