Google maps со опција за прошетка по небесните тела во нашиот Сончев систем!
оригинално објавено на: 31.10.2017
Со големиот развој на технологијата сѐ повеќе информации ни се на дофат. Планетите и Вселената иако се истражувани, постојат најразлични научни трудови, книги, списанија и слично за таа тематика, сепак интересот за истите и понатаму е голем.
перспектива. Google во соработка со НАСА и Европската Вселенска Агенција (European Space Agency), со спојување на добиените милиони снимки нуди можност за истражување на нашиот Сончев систем.
Google Maps е сервис, односно голема база со податоци која на кориснииците им овозможува информации и податоци за нивната поблиска или подалечна околина, за островите, полуостровите, континентите, па и за целата Земјина површина. Благодарение на деталните дигитални карти, сервисот овозможува одлична десктоп и мобилна навигација, преглед и проучување на природно географските содржини, пејсажи, населени места, градови и сл. Врз основа на добиените сателитски сниимки корисниците имаат можност да ги согледаат пејсажите и географските одлики на одредено подрачје, избирајќи дали сакаат да го набљудуваат теренот како сателитска снимка, како карта, како 2D и/или 3D модел. Освен тоа, достапни се и фотографии и резиме за одредени места.
Кога станува збор за набљудување на небесните тела во Сончевиот систем, со додатна алатка вградена во најновата верзија на Google Maps, освен Земјата, може виртуелно да се прегледаат и другите цврсти (внатрешни) планети, некои џуџести планети и поголемите месечини. Може да се набљудуваат следните планети: Меркур, Венера, Марс, потоа џуџестите Плутон и Церес, како и сателитите: нашата Месечина, Ио, Европа, Ганимед, Мимас, Енцеладус, Дионе, Реа, Титан и Јапетус. За набљудување на планетите потребно е да се отвори веб страната на Google Maps, да се влезе во модот Satellite view, а потоа да се намалува зумот сѐ додека планетата Земја не стане целосно видлива. Во тој момент, од левата страна на работниот екран се појавува листа на планети и месечини, од која се избира посакуваниот објект. Потоа може да се направи виртуелна прошетка по планетата или нејзиниот сателит, а на некои места деталноста е навистина импресивна. Освен споменатото, со новиот Google Maps може да се разгледа Меѓународната Вселенска Станица (International Space Station), вклучувајќи ја внатрешноста на станицата, опремата со која располага, просторот каде престојуваат и работат астронаутите за време на некоја мисија и сл.
* (од десната страна на текстот погоре)
Оваа алатка на Google Maps е одлична можност за добивање на пореална претстава за планетите, изгледот на нивната површина, нивната распореденост во Сончевиот систем, како и поврзаноста со останатите планети, месечини и констелации.
Извори:
androidauthority.com
businessinsider.com
theverge.com
inverse.com
nasa.gov
maps.google.com
forbes.com
thesun.co.uk
Изработи: Билјана Бабаноска