27 March 2025
АктивностиАрхива

GEOREGNET ЛЕТНО УЧИЛИШТЕ ВО ПРЕШОВ, СЛОВАЧКА

оригинално објавено на:  30 April 2012

Од неодамна, Институтот за географија стана официјален партнер во CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies) програмата за соработка (како дел од GEOREGNET мрежата) каде е предвидена можност за размена на студенти и наставен кадар. Како партнер има можност свои студенти да кандидира за посета и престој на некои од летните училишта кои се организираат согласно програмата за работа. Оваа година, четвртото по ред GEOREGNET летно училиште ќе се организира од 3 до 16 септември, 2012 година, во Прешов, Словачка. Наставата ќе се одвива на тема GEOGRAPHY AS A SOCIALLY RELEVANT DISCIPLINE. Институтот за географија е потребно да предложи двајца студенти кои ќе влезат во списокот на потенцијални учесници на летното училиште. Во рамките на програмата за работа во текот на 10 дена ќе следат повеќе предавања од десетмина поканети професори. Предавањата ќе се реализираат од 9 до 12 часот, а работилниците од 14 до 16 часот. Наставата ќе се одвива на англиски јазик. За време на викендот се организирани патувања. Секој студент добива сертификат за учество на летното училиште. Сместувањето ќе биде во студенскиот дом. Студентите добиваат стипендија со која може да се покријат трошоците за сместување, патување и оброк. Заинтересираните студенти треба да се обратат до координаторот на CEEPUS програмата на Институтот за географија во деновите понеделник од 10 до 12 часот и вторник од 11 до 13 часот или да пишат на biljana.apostolovska@gmail.com.

Слика 2. Прешов, Словачка.

Подготвил: Доц. д-р Билјана Апостоловска Тошевска,
Координатор на CEEPUS за Институтот за географија