4 November 2024
АрхиваСвет

11-те најзагадени градови во светот

оригинално објавено на: 09 Febрuary 2013

Малку нечистотија на никој не би му пречело? Ова е листата на некои од најморничавите, а во исто време и најфасцинантните места на Земјата.

Слика 1.

1 . Мексико Сити, Мексико (Mexico city, Mexico). Зелената површина на паркот Чапултрепек, претставува еден од најголемите градски паркови во светот, ама на Мексико Сити би му требале голем број на засадени дрва за да се надомести огромната загаденост. Градот се гуши под тежината на сопствениот смог поради големиот број на автомобили на улиците. Тука децата во училиштата, децата небото го бојат со сива боја. Бидејќи градот е лоциран на вулкански кратер, воздухот нема каде да оди. Благодарение на строгите прописи за моторни возила, квалитетот на воздухот е подобрен од 90-тите години. Мексико Сити, воедно го има и најсиромашниот кварт на светот, Неза-Калчо-Ица во кој живеат околу 4 милиони жители.

    2. Лос Анџелес, Калифорнија (LA, California). Лос Анџелес, покрај тоа што е познат како најпопуларен американски град, американското друштво за заштита на животната средина го издвојува како најзагаден град по нивото на загаденост на воздухот, главна причина за тоа се милионите автомобили. Туристот Даниел Листон го посети Лос Анџелес: „Не можев да се соземам од впечатокот на реките од автомобили кои поминуваат низ градот. Се е во магла, тешко е да се каже дали се во прашање облаци или магла“.

    3. Москва, Русија (Moscow, Russia). Москва, домот на прочуениот Црвен плоштад, не е само еден од најскапите градовиу на светот, туку има и најзагадена вода за пиење. Исто така, во лето комбинацијата од издувните гасови и индустријата е уште повисока од вообичаено.Нивото на смог е толку голем, што за само неколку часови поминати надвор е исто како да се испушиле 60 цигари.На високи температури се чувствува ужасен мирис од горива и издувните гасови.

    Слика 2.

    4. Рио де Жанеиро, Бразил (Rio de Janeiro, Brasil). Гламурозната Копакабана и Ипанема се првите нешта кои ви паѓаат на памет кога ќе помислите на Рио, но зад сите тие убавини постои мрачна приказна. Наспроти богатиот и сјаен јужен дел, се наоѓа сиромашниот северен дел. А ова е место каде што постои Jardim Gramacho, најголемата депонија на светот. Од една страна ја гледате статуата на Исус кој ги подава рацете кон богатиот дел на Рио. Населението има навика да каже дека дури и Исус му го свртел грбот на сиромашниот северен дел од градот.

    5. Антананариво, Мадагаскар (Antananarivo, Madagascar). Африканскиот остров Мадагаскар е познат по својата флора и фауна, единствена на светот. Затоа можеби ќе се изненадите поради тоа што главниот град е толку загаден, прогласен за трет најзагаден град. На тоа му допринесува зголемениот раст на популацијата. ,,Градот буквално смрди” изјави блогерот Мајкал Рајнер.,,Смогот и чадот се секаде во воздухот, помешани со непријатен мирис на урина, расипано овошје и зеленчук. Првите неколку дена беа тешки за дишење.”

    Слика 3.

    6. Дар ес Салам, Танзанија (Dar es Salaam, Tanzania). Патниците поминуваат покрај градот за пат кон Килиманџаро, танзаниски сафари и белите плажи на Занзибар, но во државата каде што повеќето од популацијата нема пристап до канализацијата, истото му се случува и на главниот град кој се бори со се поголемата урбанизација. Темеке е дел од градот кој се смета дека е пренатрупан со измет. Градот е изграден неплански и околу 70% од популацијата живее во диви населби. Наспроти тоа, Карикоу пазарот е одлично место да го запознаете локалното население, додека мирната Коко плажа нуди прекрасен поглед кон залезот на сонцето.

    7. Лисабон, Португалија (Lisbon, Portugal). Проценето е дека има околу 4 600 напуштени згради во центарот на градот. Луис Фава, кој неодамна го посети градот ја потврдил оваа информација кажувајќи дека градот помалку личи на руиниран, ама сепак сето тоа е дел од шармот. Напуштените згради им послужиле на уличните уметници, па се украсени со графити и фрески.

    8. Адис Абаба, Етиопија (Addis Ababa, Ethiopia). Етиопија е се по полуларна дестинација. Во подножјето на планината Ентото, Адис Абаба го има најголемиот пазар во Африка, како и богатата и инзвонредна кујна. Ама во доброто секогаш мора да има и нешто лошо – помалку од 15% население има нормална канализација и тоалети.,,Адис Абаба е еден неверојатно жив град, со најдобрата музичка сцена во Африка, но е едно од најопасните места кога се во прашање исправноста на водата и системот на канализација’’ – изјави Ен Нун, која го посетила градот.

    9. Мумбаи, Индија (Mumbai, India). Со преку 12 милиони жители, вклучувајќи ги и гламурозните ѕвезди на Боливуд, Мумбаи се бори да ги услужи сите свои граѓани. Неодамна беше сензација отварањето на 24 000 јавни тоалети, меѓутоа загаденоста на воздухот и отпадот се се уште поголем проблем. Има многу сообраќај на улиците, насекаде има расфрлано ѓубре, некои луѓе спијат и на картонски кутии. Во некои ресторани нема дури ни тоалет.

    10. Пекинг, Кина (Beijing, China). Пекинг е одромен, претставува спој на историски и модерен град, но со 4,8 милиони автомобили и електрани кои користат јаглен, Пекинг се гуши во сопствениот смог. Нивото на загаденост ги поминува дозволените граници, а состојбата е влошена поради недостатокот на ветер. Често може да се слушне советот од градските власти да се остане дома.

    11. Карачи, Пакистан (Karachi, Pakistan). Бившиот главен град сеуште претставува историска и културна престолнина. Исто така, е еден од најнаселените градови во светот. Зелените паркови се претворени во големи депонии. Самиот градоначалник признава дека градот е премногу загаден и дека отпадот претставува голем проблем. Загадувањето на воздухот и санитарните проблеми се на второ место. Дури 60% од 15 милиони граѓани живеат во кал.

    Извор: http://www.b92.net/putovanja/destinacije/severna_amerika.php?yyyy=2011&mm=06&dd=08&nav_category=849&nav_id=517500

    Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тодорче Тановски