Кариерен муабет со алумни – Кафе сесија!
Центарот за кариера при ПМФ – Скопје го организира првиот кариерен настан со алумни, каде што ќе имате можност да ги слушнете инспиративните кариерни приказни на наши успешни колешки и колеги – како го добиле своето прво вработување, кои биле нивните стратегии за напредок и што научиле на патот до успехот.
Датум: 30 октомври 2025 (четврток)
Време: 13:30 часот
Место: Амфитеатар 95, ПМФ – Скопје
Настанот е замислен како пријатна кафе-сесија со отворена дискусија и размена на искуства меѓу студенти, дипломирани и алумни.
Регистрирајте се тука: https://forms.office.com/e/Em7XvDEiG3
(Формуларот ќе биде отворен до пополнувањето на местата.)
Ова е почеток на традиционална серија кариерни настани што ќе ги поврзува генерациите на ПМФ – затоа, не ја пропуштајте шансата да бидете дел од првиот!


