Што претставува терминот „Црна Дупка“?
оригинално објавено на: 19.01.2018
Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција од која нема враќање“ (анг. “position of no return”). Црните Дупки се карактеризираат со можноста да ги притиснат материите во границите на многу мал простор. Тие не може да се видат, затоа што истите се проѕирни. Се проценува дека ваквите региони имаат бесконечна густина.

Црните Дупки ја зголемуваат својата површина преку апсорбирање на честички прашина и гас од галаксијата која се наоѓа во нивна близина.
Во 1916 година, Алберт Ајнштајн го предвидел откритието на вакви дупки, меѓутоа тој не можел доволно јасно да ги објасни истите во својата „теорија на релативноста“. Потврдување на точноста на предвидувањата на Ајнштајн, пристигнува дури во 1971 година, кога Американскиот астроном Џон Вилер ја открива првата црна дупка.
Црните дупки претставуваат последен чекор во еволуцијата на една ѕвезда, која е околу 10 – 15 пати поголема од нашето сонце. Кога ѕвездата ќе го потроши целото свое гориво, таа ќе експлодира во Супернова. Од остатокот се формира исклучително густ објект наречен неутронска ѕвезда. За неутронските ѕвезди се знае дека постојат, бидејќи досега се видени преку телескоп (повеќе за нив може да прочитате тука). Доколку неутронската ѕвезда е преголема, таа ќе колабира под дејство на големите гравитациони сили и продолжува да се собира, што резултира со црна дупка. Во нашата галаксија Супернова настанува еднаш на 300 години, но во соседните галаксии се идентификувани околу 500 неутронски ѕвезди. Затоа постои сигурност за постоењето на црни дупки.

Постојат три типа на црни дупки, и тоа, ѕвездени, супермасивни и средни.
И покрај големата густина, ѕвездените црни дупки се прилично мали. Се претпоставува дека тие настанале со согорување на огромна ѕвезда (која била 3 пати поголема од Земјата). Остатоците се компресирале на определен простор и формирале ѕвездена црна дупка.
Супермасивните црни дупки, се најголем и најгуст тип на црни дупки. Се проценува дека најголемите супермасивни црни дупки од сонцето се поголеми за милиони или милијарди пати. Нивната големина се должи на нивната силна гравитација, која привлекува објекти од голема далечина.
Третиот тип на црни дупки, т.н. „Средни црни дупки“ се со умерена големина и просечна густина.
Црните дупки се состојат од два дела. Првиот дел е т.н. „Хоризонт на случување“, односно местото од каде што нема враќање, а вториот дел е наречен „посебност“ или „сингуларност“. „Хоризонтот на случување“ е надворешниот дел на црната дупка, додека „сингуларноста“ се наоѓа во средината. По поминувањето на границата помеѓу овие два дела, односно кога привлечениот објект ќе влезе во „сингуларноста“, започнува процесот на „шпагетификација“, односно телото кое ја поминало границата започнува да се растегнува.

И покрај тоа што црните дупки се невидливи, научниците го докажуваат нивното постоење со набљудување на влијанието кое нивната гравитација го има врз гасовите, ѕвездите и другите објекти кои се наоѓаат околу нив. Бидејќи црните дупки немаат површина, постои можност голема количина на материја да се складира во многу мал простор. Околу некои црни дупки орбитираат сферски материјали кои емитуваат X – зраци, кои астрономите подоцна ги проучуваат со помош на телескопи и сателити.
Единствен начин да се уништи црна дупка е истата да се спои со друга црна дупка, што значи дека црни дупки ќе продолжат да постојат засекогаш. Но, црните дупки не можат на никаков начин да ѝ наштетат на Земјата бидејќи нивната гравитација не достигнува до нашиот Сончев систем.
Извори:
www.nasa.gov
www.phys.org
www.space.com
www.worldatlas.com
Автор: Антонио Трајков, дипломиран географ – ГИС