22 January 2025
АктивностиАрхива

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

оригинално објавено на: 24.03.2018

На 21 март 2018 година, во организација на Македонското географско друштво беше одржан пролетниот семинар за наставниците и професорите по географија. Семинарот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за географија – матичната куќа на географијата во Македонија.

Покрај воведното обраќање на претседателот на Друштвото, на присутните слушатели на семинарот поздравни зборови им упатија проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија, проф. д-р Никола Панов, продекан за финансии на Природно-математичкиот факултет и проф. д-р Благоја Маркоски.

Според програмата во едукативниот дел на семинарот беа реализирани три предавања и тоа:

ВАЖНОСТА НА СТАТИСТИЧКАТА ПИСМЕНОСТ ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА од м-р Горан Киранџиски од Државниот завод за статистика;

НАСТАВАТА ВО ПРИРОДА – ПРЕДИЗВИК ЗА СЕКОЈ ГЕОГРАФ од Сашко Стефановски, професор по географија во Кочани и

УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ – НАСТАВА И РАБОТА СО ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД од Дарко Стојчески, професор по географија во ДУРДМОВ Димитар Влахов во Скопје.

Интересните предавања беа повод да се задржи вниманието на 152 слушатели на семинарот, а притоа и да се развие соодветна дискусија. Воедно семинарот секогаш е место за размена на искуства, место каде има многу дружење и пријатни разговори.

Македонското географско друштво упатува голема благодарност до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија за огромната поддршка при реализација на настанот. Голема благодарност до Државниот завод за статистика на Република Македонија за соработката.

Благодарност до предавачите на семинарот: м-р Горан Киранџиски, проф. Сашко Стефановски и проф. Дарко Стојчески кои со задоволство прифатија да бидат дел од семинарот со свои излагања.

Воедно, голема благодарност и до студентите од Институтот за географија кои активно се вклучија во подготовките и реализација на семинарот. Нивниот сериозен пристап и организираност е за посебна пофалба.

Благодарност до сите географи кои беа дел од настанот. Следната средба од овој вид се очекува заедно со почетокот на есента.

Проф.д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Претседател на Македонско географско друштво