Успешно реализирани општински натпревари по географија
Во петок, 2.2.2024 година, во организација на Македонското Географско Друштво, успешно беа реализирани натпреварите по географија за средните училишта, на ниво на општини на македонската територија. Учествуваа вкупно 236 ученици-натпреварувачи од вкупно 21 општина.
Општинскиот натпревар во Битола го координираше и реализираше професорот м-р Мите Ристов; во Куманово, натпреварот го координираше и реализираше професорот м-р Срѓан Стојмановски; во Велес, натпреварувачкиот процес го водеше професорот Трајче Недев, а за натпреварот во Тетово, се погрижи професорот Пане Перуновски. Во Прилеп и Крушево, координираше професорот м-р Марјан Матракоски, а натпреварот во Крушево го реализираше професорката Александра Стојчевска. Во Делчево, натпреварот беше реализиран од страна на професорката Анета Николова, додека професорката Оливера Лазева-Митева го реализира натпреварот во Свети Николе. За успешна реализација во Крива Паланка, се погрижи професорот Гордан Стојановски, додека натпреварот во Пробиштип беше спроведен од професорот Стамен Јовановски. Во Неготино, натпреварот го реализираше професорот Никола Костадиновски, а во Кавадарци, професорката Валентина Димитрова. Во Дебар, координираше професорот Медат Арслани, а за натпреварувачите од Струга, координативниот ангажман припадна на професорката Гордана Чакареска. Учесниците од Гевгелија беа под водство на професорката Блашка Чугунска.
Вкупно 120 ученици се натпреваруваа од средните училишта од скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Шуто Оризари. Натпреварот беше успешно организиран и реализиран во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во самиот процес учествуваа: претседателот на Македонското Географско Друштво, доц. д-р Христина Димеска Трајкова, раководителот на Институтот за географија, проф. д-р Благоја Маркоски, секретарот на МГД, м-р Анита Тодорова, како и доц. д-р Марија Љакоска, доц. д-р Владимир Златаноски, доц. д-р Горан Китевски, ас. м-р Емилија Маневска, и Арсе Кузмановски, од Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Во беспрекорната реализација на настанот, учествуваше и професорот Пане Перуновски, како и помлади колеги од редот на студентите: Јована Белушановска, Емилија Палоска, Вики Каравешова, Сандра Трајковска, Евгенија Калајџиева, Филип Наумовски, Петар Наумовски, Никола Трајковски, Никола Патлиџанковски, Лари Трајковски, Лука Копања, и Наум Ѓоршовски.
На сите натпреварувачи и на нивните ментори, им честитаме на учеството и постигнатиот резултат. На натпреварувачите кои се квалификуваа за регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 1.3.2024, им посакуваме многу успех и среќа.
Упатуваме честитки и благодарност и до сите колеги географи ширум Македонија кои безрезервно се вклучија во координацијата и организацијата на општинскиот натпревар.
Напишал: доц. д-р Горан Китевски