20 May 2025
АктивностиАрхива

Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

оригинално објавено на: 01.04.2022

Во текот на вчерашниот ден, 31.03.2022 година, успешно се реализираше уште една работилница  помеѓу Институтот за географија при ПМФ и  познатиот светски бренд HERE Technologies. Работилницата се реализираше во рамките на предметот Глобален Позиционен Систем за студентите 3-та година, каде се вклучија и студентите од 4-та година, на студиите по насоката Географски Информациски Системи. Студентите се стекнаа со нови знаења за просторните податоци како и проучување и совладување на програмите Map Creator и , кои се употребуваат во картирање, ажурирање на постоечките просторни и атрибутни податоци, но и креирање и  додавање на нови податоци.

Слика 1.

Онлајн работилницата беше спроведена под раководство на  проф. д-р Свемир Горин и главниот претставник на HERE Technologies во регионот, г-дин Александар Тодоров, и истата претставува дел од повеќегодишната соработка помеѓу Институт за географија при ПМФ, предводена од страна на проф. д-р. Свемир Горин и познатиот светски бренд HERE Technologies, при што голем број на студенти, пред се од студиската насока ГИС се имаат стекнато со знаења и искуство, но истовремено претставува значајна промоција и соработка на институтот со меѓународни институции.

Слика 2.

Исто така, во следниот период во план се и други активности, меѓу кои и дополнителна работилница со HERE Technologies, каде студентите ќе продолжат со обука кој ќе биде реализирана од страна на стручни лица од HERE со цел за продлабочување на знаењата и стекнување на искуство на студентите во делот со просторните податоци и ГИС. На крајот на активностите, студентите ќе се добијат светски признат сертификат од компанијата HERE Technologies.

Слика 3.

Подготвил: Кузманоски Арсе, дипломиран географ и Виш лаборант на Институтот за географија