УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦА – ВИКИПЕДИЈА „СПОДЕЛЕНО ЗНАЕЊЕ“
На ден 20.12.2023 година, согласно соработката меѓу Институтот за географија при ПМФ и здружението „Споделено знаење“ беше реализирана работилница за внесување на податоци за познати географи од Македонија на сајтот на Википедија. Работилницата се реализираше во рамките на активноста Википедија на македонски јазик и негова промоција. Во работилницата беа вклучени тринаесет студенти од 3-та и 4-та година на студиите по Наставна насока и Географски информациски системи на Институтот за географија. Студентите се запознаа со начинот на правилно и точно внесување, уредување и ажурирање на статии и географски текстови на македонски јазик, на бесплатната платформа Википедија, со цел да се даде придонес за географските знаења кон пошироката јавност.
Работилницата беше спроведена под раководство на Проф. д-р Благоја Маркоски, раководител на Институт за географија и главниот претставник на заедницата „Споделено знаење“ Никола Милошевски. Исто така, во работилницита беа вклучени и членови од Институтот за географија, доцентите д-р Владимир Златановски, д-р Марија Љакоска, асистентите Емилија Маневска и Арсе Кузманоски.
После успешно реализираната работилница, студентите се здобија со дополнителни географски знаења и во врска со плејадата на географи, поранешни професори и членови на Македонското географско друшто, кои биле активни на просторот на нашата држава. За својата активност студентите се стекнуваат со сертификат за учество и успешно завршена работа.
Подготвиле: Арсе Кузманоски и Емилија Маневска