15 March 2025
АктивностиМакедонија

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Шарпланинско-полошки туристички регион

оригинално објавено на: 04.03.2013

Полошкиот туристички регион е посебен, со изразити планини, густо населена рамница, два големи градови, карактеристични културно историски објекти. Затоа, ако сте во близина на овој регион или сте дошле во него, не пропуштајте да го посетите градот Тетово и објектите во него како што се Шарената џамија, Арарат Баба теке, Тетовското кале, тетовската чаршија и тетовскиот Пазар. Посебен ден е потребен за посета на Лешок и манастирот “Св. Атанасиј”, селото Вратница и Шар Планина со локалитетите Попова Шапка, Лешница и др., а може да се одважите за посета и освојување на високите врвови на Шар Планина. Шарпланинско – полошкиот регион е седиште на градот Гостивар, град на гостопримство во чија непосредна близина се наоѓаат локалитетите Вруток (изворот на најголемата Македонска река Вардар) и пештерата Ѓоновица во близина на селото Г. Ѓоновица.

Слика 1. Шарена џамија, Тетово
Слика 2. Милениумската црква на Попова Шапка
Слика 3. Пештерата Ѓоноица (Убавица) во близина на Гостивар

Автор: д-р Благоја Маркоски