28 March 2025
АрхиваМакедонија

Туристички прошетки низ туристичките региони во Република Македонија: Скопскиот туристички регион

оригинално објавено на: 24 February 2013

Ако сте во Скопје, не пропуштајте во непосредна близина на центарот на градот да ги посетите Скопското Кале со панорамски погледи кон градот, Старата скопска чаршија со редица културно историски споменици, музеи и галерии, Соборната црква, Црквата Св. Богородица и др. Направете прошетка на Водно, ако не сте во можност да стигнете до врвот, не пропуштајте да стигнете барем до Средно Водно. Одтаму погледајтего Скопје, посететего манастирот Св. Пантелејмон, одморетесе во некој од угостителските објекти. Непропуштајте да одвоите време за прошетка по кањонот Матка. Така ќе доживеете нешто несекојдневно, ќе бидете наградени од природата со мир во душата, ќе добиете нова инспирација. Тука ќе видите и кањон, и река и езеро, и пештери и манастири. Тука можете да видите се. Недалеку од Скопје, само на 25 км растојание по автопат можете да стигнете до Катлановската бања, комплекс од повеќе природни и антропогени објекти со богати балнеолошки и спортско-рекреативни елементи

Слика 1. Панорама на градот од Скопско Кале.
Слика 2. Кањонот Матка на реката Треска.
Слика 3. Кањон Матка.

m

Слика 4. Катлановска Бања.
Слика 5. Милениумски Крст на Водно.

Автор: Д-р Благоја Маркоски