28 March 2025
АктивностиМакедонија

Теренска настава до с.Богомила и околниот простор

оригинално објавено на: 07.04.2013

Во среда, на 3 април 2013 година, со студентите од прва година на наставна насока, ГИС и демографија на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, беше изведена еднодневна теренска настава до с. Богомила.

Слика 1.

Теренската настава, организирана во рамките на наставниот предмет Картографија, се одвиваше во дел од сливот на реката Бабуна кај селото Богомила, поточно на ридот Анот (476 м н.в.). Целта беше студентите да се запознаат со видовите на ориентација, разните начини на ориентација во географскиот простор, движење по земјиштето со помош на карта, со помош на бусола и азимут и користење на ГПС приемници. Во продолжение, беше организирана посета на селото Богомила. Предвидените активности, во целост беа реализирани за што покрај добрата организација (под раководство на проф. д-р Благоја Маркоски), придонесе и убавото време. Освен конкретните задачи, преку ваквите теренски настави, студентите на Институтот за географија се запознаваат со разновидните подрачја, пејсажи и убавини низ Република Македонија.

Во тек на летниот семестар ќе биде организирана уште една теренска настава по предметите Картографија II и Општа геологија со петрографија.

Подготвил: Д-р Свемир Горин