27 March 2025
Архива

Семејството – столб на општеството

оригинално објавено на: 10.12.2013

Општеството, постојан развој, постојана променливост. Како мал град, така цел свет. Луѓето мислат, а и применуваат. Резултатот е иднината која ја посакуваме и сакаме да мислиме дека можеме да ја постигнеме. Како сé друго и човекот и општеството се производ од времето и трудот. Сé е пред нас, доказите за последувателните постапки создадени со причината за совладување на самата природа, форсирајќи ја да се измени по наша желба. Од древната историја на самото човештво, разбираме дека есенцијална е соработката. Општеството е збир од помали семејства, а тие во идеална смисла би претставувале збирови на помал број луѓе со целосна верба и знаење еден за друг, а со тоа, и целосна можност за соработка. Семејството, корен, темел на секое општество. Тоа е мало, но со голема улога. Малку луѓе, сите посакуваат нешто, но крвта, љубовта или двете ги сврзува. Велат дека дел од  семејство ти е секој кој те сака и се грижи за тебе. Покрај сите разлики и грешки, пак да те теши и лекува од сите болки, таги, да ти ја заменува омразата со сопствената љубов. Личноста која претставува доброволна жртва за само простиот став на твоето постоење. Родителите, саможртвеници за својот плод, за иднината, односно нивните деца. Со љубов неизмерна и безгранична тие смело ќе се приближуваат и во најдлабоката темнина, дури и без храброст би се бореле со најсмелите и најсилните противници, ѕверови и секакви клетници на злото. Дури и во дното на езерото на прогонство тие би испливале до самиот крај, до површината, сé би направиле, би понудиле и рај кога би можеле. Семејството, тоа е. Корен е на многу нешта, па ете, дури и секое дете љубов научи, та грижа да подучи и покаже кон други, мили и тажни , среќни и дури на тие, тие кои го почувствувале студот на омразата и крв плиснале од рани на неправда. Мојата слика е идеална, налично совршена, нееднаква и врвно осамена. Но, реалната искрена со вистина, би го претставила светот, самото општество во исклучна темнина. Од самата природа, човековната социјална природа, па и дивата ја познава страната на спротивното. За тоа дека каде има љубов има и омраза , за тоа дека каде има светлина има и темнина, па и за тоа дека семоќниот Бог, несигурно кажано би бил со човечки мисли, исто спротивен по чувства и акции кои не би се објасниле. Семејството мило и љубезно, доблесно и светло е само поетска илузија, слика на хартија. Вистина има во зборовите, но и скриена мрачност. Семејството е целосно, во смисла на исконско. Тоа е нашиот портал кон светот нашиот пат кон самото постоење и самото човештво. Различно за сите, слично за некои. Корен, темел, столб тоа е наше. Бидете благодарни, ценете го, во лошо и во добро тоа секогаш ќе биде таму, во сликите или мислите. Тоа ќе блиска со светлина.

Слика 1.

Филип Бл. Маркоски, ученик, II-ра година

СУГС – Гимназија „Панче Арсовски“ Скопје