22 January 2025
АктивностиАрхива

Реализирана теренска настава на територијата на Република Бугарија

оригинално објавено на 8.11.2016

Институтот за географија во периодот од 19-21.10.2016 година, организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на туристичкиот центар во Банско – Република Бугарија.

На теренската настава студентите имаа можност да видат како изгледа една туристичка дестинација во која туризмот бележи експанзивен раст, како во бројот на туристи, така и во бројот на реализирани ноќевања, но и во зголемувањето на бројот на сместувачки капацитети.

Теренската настава согласно програмата опфати и посета на Пирин голф резортот (распослан на 5000 km. на падините на Пирин) во кој студентите имаа можност да слушнат кратко предавање за начинот на функционирање и работа на еден од најубавите планински резорти на Балканот, дополнително беше посетен и спа центарот во Добриниште, Благоевград, но беше посетена и Бугарската престолнина – Софија.

На крајот може да се сумира дека теренската настава беше успешно реализирана и за нејзината успешна реализација покрај студентите и нивното примерно однесување и интересирање, задолжени беа и претставници на Институтот за географија, дел од наставниот и соработничкиот кадар, предводени од проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија и проф. д-р Никола Панов, продекан на Природно-математичкиот факултет.

Технички организатор на патувањето беше туристичката агенција “Оскар Травел Сервис“, која мошне успешно и на високо ниво ја реализираше својата обврска.

Подготвил: Христина Димеска