Реализирана посета на меѓународниот саем за туризам во Загреб
оригинално објавено на 24.03.2017
Институтот за географија во периодот од 15-19.03.2017 година организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на меѓународниот саем за туризам Place2Go во Загреб, Република Хрватска. Организаторот на саемот, списанието Place2go е водечко туристичко списание во регионот кое на современите патници им нуди интересни и корисни информации за домашни и странски светски дестинации.
На саемот, претставниците на Институтот имаа кратки средби со дел од учесниците и излагачите на одредени дестинации со кои се разменија и споделија позитивни искуства поврзани со туристичкиот развој.
Студентите на оваа теренска настава имаа можност да ја разгледаат хрватската престолнина и тоа преку обиколка со автобус и туристичко пешачење низ централното градско јадро.
Меѓудругото беше посетен и националниот парк Плитвички Еезера, кој несомнено е еден од најубавите паркови на природата во регионот, а веројатно и пошироко. За нивната атрактивност говори и податокот дека само во 2016 година биле посетени од околу 1.600.000 посетители.
Теренската настава продолжи со посета на Белград, кој претставува една од најзначајните т.н. City tourism дестинации во регионот.
На крајот може да се резимира дека теренската настава беше успешно реализирана благодарение на студентите, нивното совесно однесување, а секако и на залагањето на наставниот и соработничкиот кадар, предводени од проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија и проф. д-р Никола Панов, продекан на Природно-математичкиот факултет, потоа проф. Драган Колчаковски, проф. Олгица Димитровска, доц. д-р Милена Талеска, доц. д-р Дејан Илиев, асистент м-р Христина Димеска, асистент м-р Горан Китевски и м-р Владимир Златаноски.
Технички организатор на патувањето беше туристичката агенција “Оскар Травел Сервис“, која мошне успешно и на високо ниво ја реализираше својата обврска.
Текст: Христина Димеска