28 March 2025
АрхиваГеовестиМакедонија

Реакции за измени на учебникот Национална географијата за II-ра година реформирано гимназиско образование

оригинално објавено на: 19.02.202

Реакцијата е од група коавтори на учебникот за Националната географија за II-ра година реформирано гимназиско образование и е дадена изворно.

Одгласи во јавноста

На 18.2.2021 г. политичари се договорија да ја менуваат Националната географија за II-ра година реформирано гимназиско образование. Веста помпезно се рашири од силни медиуми, претпоставуваме поради тоа што е поврзана со политичари. Нас авторите, како научници скоро никој не не прашува за вистината и затоа скромно ќе се обратиме до помали портали, со надеж дека големите од седмата сила ќе бидат професионални.

За да не помисли некој дека ние авторите на наведениот учебник сме грешници и затоа молчиме во продолжение ги појаснуваме работите според научните вистини и барања во програмата според која е изработен конкретниот учебник.

Слика 1. КОРИЦА ОД УЧЕБНИКОТ НАЦИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА
За учебникот

Учебникот Националната географија за II-ра година реформирано гимназиско образование во издание на Просветно дело, Скопје, под авторство на Проф. д-р Драган Василески (сега покоен), Проф. д-р Благоја Маркоски, Проф. д-р Никола Панов, Проф. д-р Никола В. Димитров и Проф. д-р Ѓорѓи Павловски е изработен според програма по Географија за 2-ра година гимназиско образование, подготвена од Бирото за развој на образованието на Република Македонија во 2001 година, со целосно спроведена постапка за избор на учебник (конкурс за учебници, анонимни рецензентски комисии, одлуки на Педагошкиот совет за учебници и одлука на Министерот на Министерството за образование и наука на Република Македонија).

Учебникот е изработен строго според наставна програма (услов за да некој ракопис се прифати за учебник). Анонимната Рецензентската комисија е предводена од проф. д-р Васа Даскаловски (за жал сега покоен) еден од најначитаните географи кај нас и пошироко, потесно специјализиран во сферата на Географијата на население и населби (каде меѓу другото голем дел зафаќаат лекциите поврзани со миграции).

Авторите соодветно на барањата на наставната програма и критериумите за изработка на учебник воделе сметка за сите детали предвидени во програмата и затоа го употребиле принципот на научност и сеопфатност (терминологија), принципот за каузална поврзаност со другите наставни предмети (во случајот со историја) и непосредните одредби во програмата за појаснување на миграциите на одделни групации на граѓани низ историските случувања и настани на овие територии (се со цел да се појаснат типовите на миграции).

Според тоа авторите професионално стојат зад содржините на учебникот, бидејќи истите се темелат на научно потврдени докази (бројни научни статии и анализи од истакнати географи, етнографи и историчари). Попатно кажано, зарем може некој да го смета за автохтоно населението во Горно Врановци (местото на издавање на првиот весник Нова Македонија) кое на наше знаење (во куќите на раселеното население) се досели население од АП Косово и го за поседна наведеното село во 1984, 1985, 1986 година. Науката не смее да бега од фактите и вистината, инаку која ќе биде суштината на образованието (дали би било оправдано да кажуваме дека 2 и 2 се 5, кога 2+2=4.

Суштина на лекциите

Суштината на лекциите е ученикот/студентот низ учењето на фактичката состојба да ги осознае вистинските ситуации и во еден концепт на добро обазован и воспитан граѓанин да расудува свесно и совесно дека некои негативни аспекти кои се случувале низ времето не треба да се повторуваат. Со вчерашните помпезни вести и слики овој аспект целосно е нарушен и токму тој овозможува нетрпение. Зарем некој мисли дека другата страна е мирна!? Секој пред да донесува некоја одлука треба да се преслуша.

Тоа што се барало во наставната програма по географија за II-ра година реформирано гимназиско образование тоа е во целост испорачано.

Авторите се свесни дека учебникот, како издание од 2002 г. има потреба да се освежи со одредени статистички податоци, но системот во учебникарството е така поставен што тоа не е можно да се направи (иако некој на ова ќе каже дека е можно до 30%, но во практиката тоа не е така).

Реакции по нарачка

Говориме за реакции по нарачка, бидејќи, како што е спомнато конкретниот учебник е во употреба од 2002 г. Во меѓувреме во конкретното министерство имаше неколку министри од незаменливите коалициони партнери, па немало проблем. Зарем за овие 19 години никој не ја прочита содржината на конкретниот учебник, па сега се најде некој кој исполнува желби (и заради тоа што некој друг си работи професионално и не исполнува нечии желби) и ајде да ги сопреме авторите да не работат по прописи?. За оваа географска територија таква е состојбата.

Закани

Без да се прашаат авторите се пласираат закани и уцени, ќе го повлечеле учебникот. Нека го повлечат. Од учебникот има корист само општеството. Авторите освен духовна немаат никаква друга сатисфакција (по готово што тој, учебникот има доживеано поголем број изданија). Авторите немаат намера да употребуваат насилни средства. Народот знае и уште повеќе осознава со кого има работа. Учебникот и да го менуваат и да го повлечат тој суштински останува бидејќи е со трајна вредност.

Група коавтори на учебникот за Националната географија за II-ра година реформирано гимназиско образование