Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво
оригинално објавено на: 25.03.2019
Според традицијата на прагот на пролетта, Македонското географско друштво на 20 март 2019 година, го организираше пролетниот семинар за професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а како слушатели беа евидентирани 158 професори по географија.
На овој прв семинар предвиден во програмата за работа на Друштвото за 2019 година, беа презентирани три интересни предавања од:
проф. д-р Александра Лозаноска,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економскиот Институт, Скопје на тема
ОСОБЕНОСТИ НА РАБОТНАТА СИЛА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ТРЕНДОВИ И ПРЕДИЗВИЦИ;
проф. д-р Никола В. Димитров, Декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на тема
УЛОГАТА НА НАСТАВНИКОТ ПО ГЕОГРАФИЈА ВО ИСТРАЖУВАЊЕ И ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ГЕОГРАФИЈА и
проф. д-р Благоја Маркоски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно –математички факултет, Институт за географија, Скопје на тема
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА УЧЕБНИКОТ ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА
Интересните и актуелни теми предизвикаа заинтересираност кај присутните слушатели, кои активно се вклучија со свои прашања и дискусии.
Воедно, професорите беа информирани за настаните кои следат во организација на МГД како:
– државниот натпревар по географија (19 април 2019 година);
– намерата на МГД да учествува со четири најдобри гимназијалци на олимпијадата IESO 2019 во Јужна Кореја;
– симпозиумот по повод 70 години МГД предвиден за 3 и 4 октомври, 2019 година во Охрид и
– Ноември месец на науката, настан кој оваа година ќе биде во организација на Македонско географско друштво.
Присутните беа известени за издавање на јубилејниот 50 –ти број на списанието Географски разгледи, а воедно беа повикани да учествуваат со свои прилози на Геопорталот – електронската географска читанка на Институтот за географија, прва од таков вид во Македонија кој активно постои повеќе години.
За организација и реализација на овој настан благодарност за поддршката до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија.
Голема благодарност до предавачите на семинарот.
Благодарност до регионалните координатори на Македонското географско друштво и нивните залагања за навремено информирање на колегите географи од сите региони.
Благодарност до колегите од Институтот за географија.
Огромна благодарност до моите драги студенти на Институтот за географија и членовите на ИЗСГ „Природник”. Нивната помош во реализација на географските настани секогаш е од непроценливо значење.
Благодарност за сите што бевте дел од семинарот.
Продолжуваме понатаму во остварување на замислата за негување на географијата.
Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво