ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС 2024/25 год.
Денес на 01.10.2024 година, во големиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа првиот академски час за новозапишаните студенти во учебната 2024/25 година. На свечениот час, на студентите им се обрати деканот на факултетот, проф. д-р Даворин Трпески. По заедничкиот час на новозапишаните студенти на ПМФ, за студентите на Институтот за географија свеченоста продолжи во амфитетар 95 на Институтот. На свечениот час на студентите им се претстави наставниот, помошниот и техничкиот кадар на Институтот за географија. Притоа им беа доделени индексите и на студентите им се обрати раководителот на Институтот за географија, проф. д-р Благоја Маркоски, кој им посака пријатно добредојде и успех во студирањето. Воедно раководителот на Институтот ги запозна студентите со структурата на Институтот, неговиот наставно-научен и технички потенцијал, современата опременост, и неговата долгогодишна традиција.
Во оваа пригода Институтот за географија и Географскиот портал им посакува успех на студентите на Институтот за географија, но и на сите останати не само во оваа учебна година, туку и во целокупното студирање!
Подготвиле: Виш лаборант м-р Арсе Кузманоски
Асс м-р Емилија Маневска