19 April 2025
АрхиваСвет

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

оригинално објавено на: 14 Mar 2018

На 76 годишна возраст почина легендарниот физичар Стивен Хокинг. Стивен Вилијам Хокинг бил роден на 8-ми јануари 1942 година, во Оксфорд, Англија. Стивен Хокинг е познат по својата извонредна работа за црни дупки и релативитет.

Сл. 1 СТИВЕН ХОКИНГ (извор: http://Извор: www.hawking.org.uk)

Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција од која нема враќање“ (анг. “position of no return”). Повеќе за црните дупки може да прочитате овде.

Кој беше Стивен Хокинг?

Стивен Хокинг (8 јануари 1942 – 14 март 2018) беше британски научник, професор и автор кој извршуваше исклучителна работа во областа на физиката и космологијата и чии книги помогнаа науката да биде достапна за сите. На 21 година, додека студирал космологија на Универзитетот во Кембриџ, му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), поради што својот живот го поминал во количка.

Во октомври 1962 година, Стивен Хокинг на Одделот за применета математика и теоретска физика, на Универзитетот Кембриџ, започнал истражување за космологијата, за кое доттогаш никој не работел за таа сфера. Негов надзорник бил Dennis Sciama.

Заедно со Роџер Пенроуз, Стивен Хокинг добил награда за придонесот на нашето знаење во однос на вселената. Пенроуз верувал дека со текот на времето, црните дупки ќе ја „проголтаат“ целокупната материја во вселената. Неговата проекција предвидува дека крајниот ефект од дејството на црните дупки ќе биде тој што ќе остане само енергијата, која во даден момент ќе послужи како основа за следната Голема експлозија и настанување на некоја нова вселена.

Сл. 2 КНИГАТА THE UNIVERSE IN A NUTSHELL ОД СТИВЕН ХОКИНГ (извор: http://Извор: www.hawking.org.uk)

Во 1965 година, се стекнал со титулата д-р, со неговата дисертација “Properties of Expanding Universes”, со што станал првиот научен соработник, а потоа соработник за Distinction in Science (1969).

Професорот Стивен Хокинг има тринаесет почесни титули. Бил почесен пријател на Кралското друштво на уметности и во 2009 година бил награден со Presidential Medal of Freedom, највисоката цивилна награда во САД.

Стивен Хокинг е автор на поголем број книги, вклучувајќи ги следните: ‘The Large Scale Structure of Space-Time’, ‘General Relativity: An Einstein Centenary Survey’, ‘300 Years of Gravitation’. Освен овие популарни книги Хокинг ги објавил и неговите ‘A Brief History of Time’, ‘Black Holes and Baby Universes and Other Essays’, ‘The Universe in a Nutshell’, ‘The Grand Design’ и ‘My Brief History’.

Дел од неговиот живот е прикажан и во мемоарите на неговата прва сопруга Џејн (Travelling to Infinity: My Life with Stephen), а подоцна е снимен и филмот “The Theory of Everything”.

Литература

www.hawking.org.uk


Подготвил: Билјана Бабаноска, дипломиран географ – Географски информациски системи (ГИС)