27 March 2025
Архива

Потпишан меморандум за соработка помеѓу град Скопје и Македонско географско друштво!

оригинално објавено на: 30.12.2015

Деновиве, Македонското географско друштво потпиша Меморандум за соработка со Град Скопје во врска со реализација на активностите и поддршка на натпреварите по географија во средните училишта на Град Скопје во учебната 2015/2016 година. Тоа е навистина голем успех и придобивка, бидејќи според меморандумот, градот Скопје ја презема обврската за:

Медиумска промоција на натпреварите кои се одржат на ниво на Скопскиот регион;

Обезбедување поддршка за поттикнување и мотивација на учениците од средните училишта на Град Скопје за поголемо учество на натпреварите;

Финансиска помош на средните училишта – домаќини на натпреварите на ниво на Скопскиот регион;

Обезбедување на парични награди на првите тројца средношколци кои оствариле најдобар резултат во две категории одделно на регионално ниво (Скопски регион), односно на вкупно 6 најдобро рангирани средношколци (3 од гимназиски и 3 од средни стручни училишта);

Организирање на завршен настан за доделување награди и сертификати на најдобрите средношколци;

Доделување на благодарници на менторите и на Друштвото.

За таа цел Македонско географско друштво апелира за побројно учество на учениците од средните гимназиски и стручни училишта на регионалните натпревари по географија во Скопскиот регион. Натпреварите ќе се одржат на 9. 04. 2016 година, а домаќин ќе биде СУГС „Лазар Танев“ од Скопје.

Автор: д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Претседател на Македонско географско друштво