7 November 2024
АрхиваМакедонија

Пештерата Су Кујусу

оригинално објавено на: 25.04.2016

Во југоисточниот дел на Р. Македонија над селото Севендекли (општина Дојран) под врвот Боскија 720 м.н.в., се наоѓа пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“. До самиот отвор на пештерата не води никаква патека, а и самиот пештерски отвор е делумно сурнат па влегувањето е отежнато.

Слика 1. Пештерата Су Кујусу

Пештерата досега не била истражувана па затоа не е евидентирана во научната литература. Во јануари оваа година од моја страна заедно со тим од планинарското друштво „Југ“ беа направени првични мерења. Пештерата Су Кујусу е изградена во мермерната греда која започнува од Дојран, а завршува во близина на селото Костурино. Пештерскиот отвор е во триаголна форма сo димензии 40 х 50 х 50 cm. Претставува проста пештера во која има формирано еден инверзен канал наведнат од влезот кон пештерската внатрешност. Иако името на пештерата и е дупка со вода сепак пештерскиот канал е фосилен и е надвор од хидрографска функција. Вкупната должина на пештерата изнесува 57 m, a најголемата височина изнесува 6 m. Пештерскиот канал има две проширувања едниот во средината и на крајот од пештерата со широчина од 2,5 m. Пештерата не е богата со пештерски украси единствено можат да се забележат на неколку места на пештерската таваница макарони (кратки сталактити). Од животинските видови кои што можат да се забележат се лилјаците и пајаците.

 Слика 2. Пештерата Су Кујусу
Автор: Глигорије Џилвиџиев