Ориент експрес – возот што ги поврза Европа и Азија
На 4 октомври 1883 година, најфасцинантниот воз на светот тргнал од Париз за Истанбул со четириесет патници во него. Патувањето траело 7 дена и се одвивало низ Европа, односно од Париз преку Стразбур, Минхен, Виена, Будимпешта, Букурешт и на крај пристигал во Истанбул.
Зошто Ориент Експрес е толку познат?
Еден од првите патнички возови на долги релации, легендарниот воз го поврзал Париз со Истанбул, портата кон Азија. Железничката рута се менувала во текот на следните години, но обично минувала низ големите европски градови: Виена, Будимпешта, Букурешт и Белград. Возот бил познат по своите луксузни удобности и бил едно од најпопуларните средства за патување за богатите туристи, членовите на кралското семејство, дипломатите и шпионите.

Визијата за Ориент Експрес
Возот Ориент Експрес бил замисла на белгискиот инженер Жорж Нагелмакерс, кој во 1865 година добил идеа за железничка линија која ќе се протега на континентот и кој ќе вози на непрекината метална лента повеќе од 2.414 километри. Нагелмакерс ја добил идејата за време на неговото патување во Америка, каде што бил сведок на многу иновации во патничките железници, вклучувајќи ги и невидените луксузни „коли за спиење“ на Џорџ Пулман.
Син на банкар, Нагелмакерс имал средства и волја да ги оствари своите планови. Така, во 1883 година, по првичните неволји, вклучително и француско-пруската војна, финансиски тешкотии и преговори со различните национални компании, Nagelmackers’s Compagnie Internationale des Wagons-Lits воспоставил рута од Париз до Истанбул (или Константинопол како што бил познат тогаш).

Возот што ги поврзал Европа и Азија
На 4 октомври 1883 година, Ориент Експрес тргнал на своето прво патување, превезувајќи ги богатите патници и новинарот кој го покривал патувањето. Оние кои се наоѓале во него се восхитувале на луксузот и убавината на возот. За да остави траен впечаток, Нагелмакерс умно организирал неквалитетни и стари вагони за да бидат поставени на шините во близина на неговиот сосема нов луксузен воз. По поаѓањето од парискиот Gare de l’Est, воодушевените патници можеле да уживаат во најубавиот хотел на тркала. Така, 80-часовното патување од Париз до Истанбул било искуство од соништата.

Возот на шпиони
Покрај членовите на кралското семејство, Ориент Експрес исто така било омилено средство за патување на шпионите, поради што добил уште еден прекар: „Шпионски експрес“.Една од најпознатите шпиони, Мата Хари, исто така патувала со Ориент Експрес во тајната мисија. И за време на Студената војна, иконскиот воз станал омилено место за шпионите од двете страни на Железната завеса.
Ориент Експрес во 20 век
По неговиот првичен успех на крајот на 19 век, избувнувањето на Првата светска војна, сериозно ја ограничила услугата на Ориент Експрес. Крајот на војната довел до обновување на патеката и „Златното доба“ за нејзината историја. Во 30-тите години, легендарниот воз бил најпопуларен со три паралелни линии: Ориент Експрес, Симплон Ориент Експрес и Арлберг Ориент Експрес, вториот сообраќал од Цирих до Будимпешта, а потоа натаму до Букурешт и Атина.
Втората светска војна повторно ја суспендирала услугата, за да биде обновена во доцните 40-ти. Дури и за време на Студената војна, Ориент Експрес ја задржал својата популарност, иако линијата морала да се измени за да се избегнат земјите зад Железната завеса.
Возот на Нагелмакерс го направил своето последно целосно патување во 1977 година, иако рутата била повторно лансирана во 80-тите од друга компанија и под друго име – Венеција-Симплон Ориент Експрес. Меѓутоа, Ориент Експрес секогаш бил повеќе од обичен воз, а тоа што во него се возеле од шпиуни до членови на кралски семејсва било голема инспирација за многу филмови и романи. Овековечен е особено во романот на познатата писателка Агата Кристи – „Убиството во Ориент Експрес“ и неговите бројни филмски и ТВ адаптации.
Ориент Експрес денес
Денес, Ориент Експрес сообраќа повеќе рути и минува низ повеќе градови како: Лондон, Амстердам, Брисел, Берлин, Париз, Верона, Венеција, Прага, Виена, Будимпешта, Истанбул. Познат е под името Venice Simplon-Orient-Express и сообраќа отприлика еднаш неделно од март до ноември. Патувањето може да трае од еден до неколку дена. Овој Ориент Експрес се состои од 11 вагони за спиење, три вагони со ресторани, еден вагон со бар и два вагона за персонал, што го прави најдолгиот патнички воз. Има капацитет за околу 110 патници и цените започнуваат од 3.450 евра по лице за двокреветна кабина и 9.800 евра по лице за големите апартмани. Во цената се вклучени и сите оброци во возот и прием со шампањ при пристигнувањето.
Користена литература:
https://www.thecollector.com/why-is-the-orient-express-so-famous/
Изработила: Сандра Трајкова, студент на ГИС – Институт за Географија