Од одржаните општински натпревари по географија – 2018
оригинално објавено на: 12.02.2018
Во организација на Македонско географско друштво, на 10.02.2018 година – „денот на младите географи“, се организираа општинските натпревари по географија, а меѓу нив и општинскиот натпревар по географија за учениците од основните и средни училишта во Скопскиот регион. Натпреварот се одржа во ООУ „Лазо Трповски“ – Општина Карпош. На него учествуваа 156 ученици од основните и средните училишта. Истите беа дочекани со големо гостопримство од главниот организатор, координатор на Скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка со комисија за спроведување и проверување на тестовите во состав: м-р Јасмина Тодоровска, Саниа Качар, Дарко Стојчески, Пане Перуновски, Сузана Јакимовска, Виолета Тодоровска, Весна Киприновска–Тодоровска, Јулијана Хиниќ, Драган Димитровски, Михајло Христов, Сунчица Милошевска–Стојановиќ и Јана Митковска.
И оваа година со поддршка од претседателот на МГД, д-р Билјана Апостоловска Тошевска, учениците имаа можност да го искажат својот талент по предметот географија. Натпреварот помина во пријатна атмосфера, по што следеа позитивни мислења и коментари од сите учесници.
Во согласносност со Правилникот за оджување на натпреварите по географија, сите ученици кои ги освоија првите три места на општинските натпревари, како и сите кои освоија над 85 бодови, се стекнаа со право на учество на регионалниот натпревар.
Резултатите покажаа дека 65 ученици од основните и 15 ученици од средните училишта се пласираа на Регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 17.03.2018 година, во истото училиште.
Голема благодарност до училиштето како домаќин, до членовите на комисијата и тестаторите кои придонесоа успешно да се реализираат овие натпревари.
Им честитаме на сите пласирани ученици и на нивните ментори за постигнатиот успех. Им посакуваме уште поголема среќа и знаење на Регионалниот натпревар.
Автор: д-р Милица Патраклиева, Професор по географија и Координатор на Скопскиот регион.