Од активностите на регионалното географско здружение „Проф. д-р Митко Панов“ – Прилеп
оригинално објавено на: 09.06.2018

Регионалното Географско Здружение Проф. Д-р.Митко Панов – Прилеп, во кое членуваат околу 30-тина професори и наставници по географија од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод, веќе втора година успешно ги реализира своите предвидени програми, планови и активности. Годишно покрај неколку средби и семинари, за членовите здружението организира и научно-рекреативни теренски екскурзии низ Македонија. Претходната година беше реализирана теренска екскурзија во Прилепско Мариово, на која беа посетени повеќе природно географски локалитети:
Свлечиште – лизгалиште с. Штавица
Локалитет Камени печурки
Црна Река – хидропотенцијал
Рудно богатство – Дијатомејска земја
Јаглен ( лигнит ) Мариовски басен и посета на с. Витолиште
Манастир Св. Илија.

На 3.06 оваа година Прилепското Географско Здружение заедно со Битолското Географско Здружение „ГЕОСФЕРА“ успешно спроведоа теренска екскурзија во Поречкиот регион каде беа посетени:
Крапскиот понор и село Крапа
Пештера Пешна
Изворите на река Белица
Река Треска

Во текот на на 2018 година, предвидени се уште два семинари една теренска екскурзија. На теренските екскурзии, не само што може да се види и научи нешто ново, туку воедно нудат добра дружба и забава помеѓу колегите. Прилепското географско здружените „Проф. Д-р. Митко Панов“ е секогаш подготвено и расположено да соработува со други географски здруженија од Македонија, а своите семинари и теренски екскурзии да ги организира во што поголем број.

Подготвил: Милан Јаковоски, претседател на географското здружените „Проф. Д-р. Митко Панов“.