Одржано собрание на Македонското географско друштво
5 December 2024
На ден 29.11.2024 година во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет се одржа собрание на Македонското географско друштво, прославувајќи 75 години од основањето на друштвото. Македонското географско друштво претставува најстарата и најпрестижна научна институција во областа на географијата во нашата земја. Почетоците на географското друштво датираат уште во далечната 1949 година на иницијатива на наставниците од Филозофскиот факултет во Скопје кога се нарекувало географско друштво на НР Македонија, додека во 1994 година, истото преименато како Македонско географско друштво.
Во рамките на одржаното собрание, истовремено беше избрана и изгласана новата раководна структура на МГД за следните неколку години. Новиот изгласан претседател е магистер Анита Тодорова, како и изгласан нов управен и надзорен одбор на друштвото.
Покрај изборот на нов претседател, на собранието беа разгледани и усвоени извештаи за работата на Друштвото во изминатата година, како и планови и програми за идниот период. Исто така, беше одржана и дискусија за наставата за географија во основното и средното образование и дополнително развивање на географската мисла и наука.
Преку Македонското географско друштво, досега се одржани шест конгреси, десетина симпозиуми и конференции, бројни работилници, учество во светските олимпијади по геонауки како и 57 изданија од списанието Географски разгледи, списание посветено на научните проблеми во географијата.
На новото избрано раководството и претседател на Македонското географско друштво, им честитаме и посакуваме успешна и работа.
Подготвиле:
Асистент м-р Арсе Кузманоски
Асистен м-р Емилија Маневска