Одржано предавање на група студенти од Италија
Во петокот, 22.3.2024, Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, беше домаќин на група студенти од Италија. Студентите, кои во Македонија дојдоа преку тур-операторот за дојдовен туризам „Балкан Прајм турс“, изминатите неколку дена, имаа можност да посетат атрактивни туристички локации ширум државата. На Институтот, беше организирано и одржано предавање на тема „Македонија: општество, политика, туризам“, од страна на доц. д-р Горан Китевски. Преку темата, слушателите беа запознаени со основните географски, историографски и геополитички карактеристики и предизвици на државата, во својство на фактор за растот и развојот на туристичкиот имиџ и идентитет на Македонија.
Приемот и предавањето преминуваат во еден вид на традиција, со оглед на тоа што и претходната година, група италјански студенти имаа можност да присуствуваат на тематско предавање на Институтот за географија.

Подготвил: доц. д-р Горан Китевски