22 January 2025
Архива

Одличниот Google Earth Pro стана бесплатен и достапен за сите!

оригинално објавено на: 16.3.2015

Повеќе од 11 години Google Earth им овозможува на сите корисници со брз интернет пристап да го истражат светот од дома од своите уреди. Google Earth е сервис кој на самиот почеток ги освои потребите на голем број на корисници, а од 01.02.2015 година стана уште попопуларен, бидејќи Google се одлучи да овозможи бесплатно користење на Google Earth Pro верзијата, која претходно чинеше 400 долари. Проширените карактеристики им обезбедија на корисниците бројни дополнителни алатки, како и способноста на претворање на ГИС податоци, во KML датотеки. Една од многу значајните надградби на Pro верзијата е и тоа што сателитските снимки можат да се експортираат во многу повисока резолуција и до 4800 пиксели (за разлика од претходната екранска резолуција). Друга опција која е проширена е и мерењето на површини во различни единици па дури и пресметка на волумен на некое 3D тело. Ново во Pro верзијата е океанскиот слој, кој нуди голем број на океански и морски истражувања. Корисниците можат да ги видат фотографиите и видеата од длабочините на морските и океанските води, како и да ги истражуваат потонатите бродови и да учат за најразлични морски и океански животни. Google Mars е последниот од најновите дополнувања Google Earthсо висока резолуција на сателитските снимки. Корисниците преку “очите” на роверот можат да добијат една јасна претстава за слоевите на оваа планета, па дури и во 3D модел.

Слика 1.

Геопросторните датотеки може да се отворат од менито за датотеки или можат да се влечат кон екранот. Форматите што се користеа во Google Earth верзијата: Google Earth (KML, KMZ) и GPS (.gpx, .loc), во Pro верзијата се надоградени со: Imagery (GeoTiff, .ntf, .img), ESRI (.shp), MapInfo (.tab), Microstation (.dgh), US Cenus Tiger Line (.zt1). Сите геопросторни формати и прикази можат да се конвертираат во KML формат, но и обратно.

Табеларните податоци во текстуална форма може да се импортираат и географски координираат од страна на Google Earth Pro до 2500 записи. Импортираните податоци од Google Earth верзијата со формат: Images (jpg, tif, png, gif), во Pro верзијата се надоградени со Text (.txt, .csv), GPS податоци од Магелан и Гармин уредите.

Слика 2.

Поради одличните можности што ги нуди, веќе од месец март, Google Earth Pro започна да се користи во практичната настава на Институтот за Географија во Скопје, особено на насоката ГИС.

Извори:

http://spatialnews.geocomm.com/articles/comparisonofgoogleearth5/ http://5kull.blogspot.com/2015/02/google-earth-pro-besplatan.html

Изработил: Влатко Митрески – ГИС