22 January 2025
Архива

Новитети во софтверскиот пакет ArcGIS 10.1

оригинално објавено на: 21.03.2013

Неодамна излезе новата верзија на софтверскиот пакет ArcGIS, и тоа 10.1. Оваа верзија претставува значително унапредување во однос на претходната и на задоволство на бројни ГИС експерти донесе многу новини. Така, пододбрена е интеграцијата на десктоп и сервер варијантите, како и соодветни мобилни и веб апликации. Воедно се нудат дополнителни алатки и инфраструктура за организациите и институциите со која се проширува капацитетот на постоечките ГИС решенија. Исто така, се подобрува можноста за премин кон ГИС концепти и платформи од следната генерација без да се вложува премногу. Новост во ArcGIS Online е варијантата ArcGIS Online for organizations, лесно прилагодлив веб базиран систем дизајниран за професионалци кои сакаат да ги прикажат геопросторните податоци користејќи интернет решенија. Тоа овозможува контрола на администраторот врз креирањето и пристапот до податоците, додека географските информации стануваат лесно достапни на другите членови во самата организација. ArcGIS Online сега е целосно интегриран, лесен за користење портал за илијадници ГИС професионалци ширум светот. Не само што можат да се користат разни картографски прикази, податоци и други геопросторни информации, туку организациите или поединците можат да поставуваат свои карти и модели. ESRI постојано ги надградува содржините на ArcGIS Online поставувајќи нови карти, слики и услуги со што корисниците секогаш имаат пристап до најновите и најпрецизните картографски и ГИС продукти.

Слика 1.

Од верзијата 10.1 ArcGIS Server функционира на 64 битен Windows и Linux оперативни системи, нудејќи им на корисниците одлични перформанси за веб едитирање, приказ на карти, брзи анализи и приказ на снимки. Серверскиот ArcGIS веќе нуди и нови услуги како што е печатење на квалитетни и големи pdf карти директно од интернет картите. Исто така, новост е што од верзијата 10.1 покрај можноста за генерирање на софистицирани ГИС и картирачки содржини се нуди можноста за креирање на едноставни карти директно од датабазата.

Слика 2.

Гис експертите увидуваат дека оваа верзија на ArcGis десктоп верзија е најнапредна ГИС околина креирана до денес. Со наведената верзија, корисниците може да разменат било каков ГИС ресурс, вклучувајќи тука различни карти, снимки, гео податоци и алатки во вид на веб сервис, како за ArcGis сервер, така и за верзијата ArcGis Online. Десктоп корисниците, исто така лесно можат да ги групираат своите карти и леери (слоеви) и да ги направат достапни за разни институции, органи, партнери или за јавноста преку различни онлајн групи. Исто така, постои можност креаторите на софтвер за мобилни уреди да развијат соодветни бизнис апликации за iOS, Android и Windows Phone. Понатаму, ваквите апликации можат да бидат јавно достапни за симнување преку Apple App Store, Microsoft Marketplace и Android Market. Понатака, слободната ArcGis апликација ќе овозможи преглед на картите, собирање и едитирање на ГИС содржини и користење на софистицирани геопроцесирачки алатки. Оваа апликација е достапна за симнување за сите позначајни мобилни платформи. Со верзијата 10.1 програмерите ќе имаат дури и поголем пристап до ArcGis системот преку подобрениот интерфејс кон достапните интернет и мобилни апликации.

Слика 3.

Подготвиле: Милена Маневска, Стефани Стојановиќ