На 12 декември промоција на книгата Basic Principles of Topography од проф. д-р Благоја Маркоски
оригинално објавено на: 08.12.2018
На 12 декември 2018 година (среда), со почеток во 11,00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во големиот амфитеатар на физика ќе се одржи промоција на книгата Basic Principles of Topography од авторот д-р Благоја Маркоски, редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Книгата е во издание на престижната светска издавачка куќа Springer. Публикувана е на почетокот од 2018 година. Изданието е на англиски јазик. Има обем од 219 страници со околу 130 илустирации во колор.
Промоцијата се одржува во организација на Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија. Во врска со карактерот и содржината на книгата ќе зборуваат проф. д-р Златко Србиноски од Градежниот факултет и проф. д-р Свемир Горин од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Книгата како самостојно интегрално дело е едно од првите изданија од Македонски автор публикувано во издание на престижната издавачка куќа Springer.
За самото издание, неговата содржина и значењето подетално ќе стане збор во некоја од следните статии на ИГЕО-порталот. Во меѓувреме, промоцијата е добра можност за сите заинтересирани, да дојдат и да се запознаат со ова значајно дело.
Подготвил: д-р Ивица Милевски