Најубавите острови во светот
оригинално објавено на: 06.04.2013
Иако мала, тропската држава Белизе во Средна Америка може да се пофали со најубавиот остров на светот, затоа што туристите коишто го посетиле островот Амбергис Каје (Аmbergris Сaye), го ставиле на врвот на листата за најубав остров. Амбергис Каје е гордоста на Белизе, држава која е позната и по вториот најголем корален гребен на светот, веднаш по австралискиот. Според анкетата на сајтот „Trip Advisor“, карипските земји ги имаат најубавите острови, затоа што на второ место се наоѓа Сент Џон (St. John Island) на Девствени Острови, а на трето место е познатиот Бора Бора.
Кога е во прашање стариот континент, на прво место е грчкиот остров Санторини, кое е и единствен европски остров помеѓу десетте најубави во светот. Освен Санторини, на листата на најубави европски острови се и грчките острови Кефалонија, Наксос и Закинтос.

Листа на десетте најубави острови во светот:
• Амбергис Каје, Белизе
• Сент Џон (Свети Јован) остров, Девствени острови
• Бора Бора, Француска Полинезија
• Сан Јуан, САД
• Санторини, Грција
• Isla Mujeres, Mexico
• Муреа, Француска Полинезија
• Кох Тао, Тајланд
• Велигденски остров, Чиле
• Носи Бе, Мадагаскар
Листа на десетте најубави острови во Европа:
• Сантрини, Грција
• Кефалонија, Грција
• Капри, Италија
• Наксос, Грција
• Менланд, Шкотска
• Гозо, Малта
• Закинтос, Грција
• Џерси, Британија
• Скај, Шкотска
• Фуертевентура, Шпанија
Извор: http://www.b92.net/putovanja
Подготвиле: Славица Тенекиџиева и Тоше Тановски