4 November 2024
АрхиваГеовести

Најдолгите географски имиња

оригинално објавено на: 18 Jan 2012

Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху (маорски: Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu е име на рид со височина од 305 м, кој се наоѓа близу Порангахау, јужно од Ваипукурау во јужниот дел на регионот Хоковиот Залив, Нов Зеланд. Мештаните ова име често го скратуваат на само Таумата. Со 85 букви, ова е најдолг географски поим. Има и своја подолга верзија од 92 букви која се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, а таа гласи: Tetaumatawhakatangihangakoauaotamateaurehaeaturipukapihimaungahoronukupokaiwhenuaakitanatahu.

Ланферпулгвингилгогерихверндробулантисилиогогогох (велшки: Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch) е село во Велс кое ја носи титулата населба со најдолго име во светот. Мештаните на селото без проблем, во еден здив го изговараат името на селото долго 58 букви (51 по сфаќање на велшките лингвисти).Името на селото измислено е во 1860 година со цел привлекување на туристи. Значењето на името е „Црквата Св. Марија од долината на белиoтлешник близу брзиот вртлог и црквата Св. Тисилија од црвената пештера‟. Според пописот од 2001 година селото има 3040 жители. Chargoggagoggmanchauggagoggchaubunagungamaugg е езеро во Конектикат, Соединетите Американски Држави. Познато е и како езеро Вебстер.Зафаќа површина од 5,84 км кв. Името го добило според племето Chaubunagungamaug, денес член на племенскиот сојуз Нипмук. Има 45 букви и секако за поголемиот дел од американците е неизговорливо.Лингвистите сметаат дека во превод значи „Рибарско место на Границите‟.

Слика 1.

Äteritsiputeritsipuolilautatsijänkäе мочуришен регион во Лапланд во Финска. Името на регионот има 35 букви. Името го добил според пабот Äteritsiputeritsipuolilautatsi. Според анегдотата, сопственикот на пабот се обидел да му даде две различни имиња, но и двете биле зафатени. Затоа изнервиран му дал име какво што немало никаде во употреба во Финска. Пабот е затворен во април 2006 година. Pekwachnamaykoskwaskwaypinwanik е езеро во Манитоба, Канада. Долго е околу 200 км, а широко е околу 45 км. Името на езерото има вкупно 31 буква. Името за Кри (Американски Индијанци од Канада) значи: „Место каде што дивите пастрмки се фаќаат со кука‟.

Слика 2.

Други долги географски имиња со голем број на букви се: Venkatanarasimharajuvaripeta (железничка станица во Индија), Mamungkukumpurangkuntjunya (рид во Австралија), Gasselterboerveenschemond (село во Холандија) итн.

Подготвил: Ивица Маџевиќ, дипл. географ