Меѓународниот Ден на ГИС одбележан по 18-ти пат
оригинално објавено на: 15.11.2017
Луѓето секогаш се интересирале за нивниот дом – Земјата. За да се изучува и истражува нашата планета, античките научници во Рим, Грција и Кина, пред повеќе од 2.500 години, ја основале географијата.
Земјата постојано се менува. Овие промени настануваат поради физичките сили како што се: ерупција на вулкани, меандрирани реки и тектонски плочи, а може да бидат предизвикани од човечко влијание, како што е урбанизацијата.
Со зголемувањето на проблемите со климатските промени, економската глобализација, урбаното ширење, загубата на биодиверзитетот, одржливото земјоделство, квалитетот на водата, културната разновидност, енергијата, туризмот, политичката нестабилност и важноста на природните непогоди на глобално ниво, кои сѐ повеќе влијаат на нашиот секојдневен живот, географијата станува сѐ порелевантна.
Од сите наведени примери произлегува неопходната потреба од географски информациски системи во најразлични сфери во општеството.
Географски Информациски Системи (ГИС) претставува научна методологија и технологија низ која се организира и воспоставува интеракција меѓу просторните или картографски презентираните објекти со нивните атрибутни податоци. ГИС овозможува брза, лесна и сеопфатна можност за пребарување, просторен приказ и анализи на географските и други просторни податоци.
Во 1999-та година добиена е идеја за одбележување на денот на ГИС или светски познато како GIS Day.
Првиот одржан GIS Day бил под целосна организација на Esri, односно по идеја на Ралф Надер, кој сакал да го инспирира светот да научи повеќе за географијата, за можностите и примената на ГИС.
GIS Day се одбележува секоја трета среда од ноември, веќе 18 години последователно, во повеќе од 80 држави. Главна цел на GIS Day е општеството да научи повеќе за придобивките од изучувањето на географијата, најнови апликации и технологии во сферата на ГИС, ГИС можности и нивна примена.
Учесниците имаат можност да бидат дел од работилници и саеми каде што се изведуваат вежби, активности и презентации. GIS Day се одржува и во средни училишта, библиотеки и музеи.
Исто така, необично е тоа што се презентираат можностите на ГИС и во локални училишта, каде што ученици од помала возрасна група учествуваат преку географски вежби, учење преку игра и рачно исцртување на карти.
Во светски рамки, GIS Day се одржува во повеќе од 80 држави, а на Балканот се организирани околу 30 настани, од кои ниту еден во Република Македонија. На овие простори, најмногу настани се организирани во Грција (во 18 градови).
Извори:
esri.com
gisday.com
gisgeography.com
nsgis.rs
portal.igeografija.mk
Изработил: Билјана Бабаноска