Мегалополисот Мумбај!
оригинално објавено на: 22.09.2021
Пронајден 1668 год. тогаш познат како Бомбај, а од 1995 год. преименуван во Мумбај, денес претставува главен град на Сојузната држава Махараштра во Индија. Своето име според едни податоци, го добил од божицата на локалните риболовци „Мумба Деви“, која ги штитела нивните трговски интереси. Согласно податоците од Соединетите држави, во 2018 година Мумбај е втор најнаселен град во Индија, и седми најнаселен град во светот со околу 20 милиони луѓе.

Според други податоци името Бомбај било добиено од Португалците што значело „Убав залив“. Мумбај е мега-град кој лежи на устието на реката Улхас, на западниот брег на Индија, во крајбрежниот регион познат како Конкан. Овој мегалополис зафаќа дел од полуостровот Бомбај. Првично бил конгломерација од седум острови на крајбрежјето Конкан, кои со тек на времето биле споени за да го формираат островскиот град Бомбај. На запад излегува на Арабиското Море, а од другите страни е обиколен со копно. Многу делови од градот (околу една четвртина) лежат под нивото на морето, само на исток и запад, рамнината преминува во ниски ридови. Највисоката точка во градот е 55 метри, ридот Малабар. На север се наоѓа големото солено мочуриште. Како главен град на Сојузната држава Махараштра, Мумбај се состои од два различни региони: приградска и градска област, и овие области не зависат еден од друг. Вкупната површина на Мумбај е околу 600 km2. Се карактеризира со голем број острови, а како најголем е островот Елефанта, кој е познат по своите хиндуски пештерски храмови.

Климата во Мумбаj е тропска, тропска влажна и сува клима. Има четири сезони. Ладно време преовладува од декември до февруари и топло време од март до мај. Потоа започнува сезоната на дождови, донесена од монсунските ветрови од југозапад и трае од јуни до септември и е проследена со постмонсунска сезона, која трае до октомври и ноември, кога времето е повторно жешко. Просечните месечни температури варираат од 33°С во мај до 19°C во јануари. Од растителниот свет присутни се дрвја како кокосови палми, манго дрвја, тамариндови и бананови дрвја. Животинскиот свет е претставен од крави, волови, овци, кози, мајмуни и сл.

Мумбај претставува развиен економски, трговски и финансиски центар на Индија. Карактеристично е производството на памучен текстил, производство на метали, хемикали, автомобили, информатичка технологија и др. Културниот живот на Мумбај рефлектира различна етничка популација. Градот има голем број музеи, библиотеки, уметнички галерии, театри и други културни институции. Тој е дом на Индиската Хинди филмска индустрија, позната како Боливуд.

За Мумбај карактеристичен е патниот, водниот и воздушниот сообраќај. Патниот се карактеризира со автобуси, железници, метроа и сл. Мумбај поседува две големи, модерни и карактеристични пристаништа, каде водниот сообраќај е претставен со траекти, ховеркрафти и катамарани. Преку водниот сообраќај најкарактеристичен е превозот на контејнери. Во однос на воздушниот сообраќај најкарактеристичен е Меѓународниот аеродром во северниот дел од градот.

Мумбај е дестинација на многу индиски и странски посетители. Најкарактеристични за посета се храмовите на островот Елефанта кои датираат од шестиот век и се прогласени за светско наследство на Унеско од 1984 год., потоа Годската архитектура на градот, чаршии, кули, џамии и останато.

Поради својата оригиналност, овој град со сета своја природна убавина, вреди да се посети и да се забележи различната култура, архитектура, да се пробаат авантуристичките спортови, и се останато што го прави Мумбај посебен. Најпопуларен спорт е крикетот.

Користена литература:
www.encyclopedia.com/places/asia/indian-political-geography/mumbai#:~:text=Though%20once%20dominated%20by%20the,wide%20range%20of%20light%20manufacturing.
wikitravel.org/en/Mumbai
www.britannica.com/place/Mumbai
www.incredibleindia.org/content/incredibleindia/en/destinations/mumbai.html
Изработила: Ивана Илиеска – студент на Институт за географија, ПМФ