Македонското географско друштво се приклучи кон Манифестот од Барселона за наставата по Геонуаки
Македонското географско друштво се приклучи кон партнерските здруженија и институции на Комитетот за образование на Европската унија за геонауки (EGU) кон Манифестот потпишан во Барселона на 13-ти и 14-ти мај 2023 година.
Иницијативата за потпишување на овој документ насловен како МАНИФЕСТ НА БАРСЕЛОНА ЗА НАСТАВАТА ПО ГЕОНАУКИ се јави како резултат на алармантното намалување на застапеноста на Геонауките на сите нивоа на образование во повеќето земји.
Геонауките обезбедуваат знаења и релевантност за многумина и ги збогатуваат наставата и клучните аспекти на училишната и наставната програма воопшто, но таа ретко се изучува како самостоен предмет.
Покрај застапеноста на геонауките во високото образование при стекнување на универзитетски дипломи каде што се обучуваат повеќето идни професионалци, важноста на улогата на геонауките е потценета и недоволно прифатена од креаторите на политиките и образовните власти.
Водечки цели на геонауките се:
- Опишување, анализа и интерпретација на научните докази за интегрирана визија за минатото, сегашноста и иднината на системите на планетата Земја и на другите планети.
- Ги претставуваат перспективите за длабоките интеракции и меѓузависности кај различните копнени потсистеми: карпи, вода, воздух и живот.
- Нудат објективна интерпретација на материјалите и процесите и нивната еволуција низ геолошкото минато.
- Поставуваат методолошки и практичен пристап кој ги подобрува критичките научни вештини како што се набљудување, опис, критичко размислување, формулирање на прашања и хипотези.
- Имаат примарна улога во многу аспекти на социјална, економска или еколошка важност за сите граѓани:
– Геолошки ресурси (на пример, минерали, карпи, вода, почви, јаглеводороди) и влијанието на човековата активност врз
нивната ефикасна и одржлива експлоатација,
– Климатски промени и глобално затоплување,
– Природни опасности (на пример, земјотреси, вулкански ерупции, цунами, лизгање на земјиштето, поплави),
– Потреба да се знае, вреднува и зачува нашето геолошко наследство како сведок на минатите процеси кои ја обликувале планетата
и еволуцијата на животот,
– 17-те цели за одржлив развој (SDG) промовирани од Обединетите нации, со важност како што се одржливо земјоделство, вода, енергија,
океани, екологија, климатски промени, зачувување на наследството и намалување на катастрофи.
Затоа од суштинско значење е:
Да се осигура дека во секоја земја соодветно ниво на геонауки е вклучено од раното детство до високото средно ниво (приближно од 6 до 18 години).
Дефинирање, врз основа на меѓународни предлози, некои клучни принципи и идеи за геонауки, кои можат да се постават како референца за вклучување и застапеност на содржината во креирањето на наставната програма.
Препознавање на можностите што ги даваат практичните аспекти и теренската и лабораториската работа што ги карактеризира геонауките.
Поттикнување, преку содржината на геонауките во средното образование низ работни позиции поврзани со геонауки, а кои ќе бидат неопходни за исполнување на сегашните и идните барања на општеството.
Поставување на стратегии за обезбедување на научни и дидактички компетенции на наставниците кои се занимаваат со концепти на геонауки во предуниверзитетското образование.
Претпоставки дека студентите кои пристапуваат до универзитетски дипломи за геонауки имаат доволно искуство за да ги следат студиите и дека универзитетските програми од сферата геонауките нудат соодветно ниво на обука.
Подготвил:
Доц. д-р Христина Димеска Трајкова