28 March 2025
АктивностиАрхива

Македонскиото географско друштво ќе учествува на Светска Олимпијада IESO 2019 во Даегу, Јужна Кореја

оригинално објавено на: 21.08.2019

Оваа година, Македонското географско друштво за прв пат ќе земе активно учество на Светската Олимпијада за геонауки, IESO 2019. Настанот ќе се одвива во периодот од 26 август до 3 септември 2019 година во Даегу, Јужна Кореја. Олимпијадата се одржува континуирано од 2007 година, а активно учество оваа година ќе земат учесници од 40 земји.

Сл. 1

На Олимпијадата ќе се натпреваруваат четворица ученици од нашата држава, кои Македонското географско друштво ги избра по пат на пласман на државните натпревари по географија и спроведениот селекционен натпревар. Тоа се: Сара Стојчевска, Кристина Спасовска и Јована Маниќ од СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и Оливер Куновски од СУГС „Орце Николов“ во Скопје. Учениците се организираат и подготвуваат за настанот од страна на д-р Ивица Милевски, д-р Свемир Горин и д-р Билјана Апостоловска Тошевска, професори на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ова учество е од непроценливо значење за Македонското географско друштво затоа што означува почеток на едно ново поглавје во групата на активности на Друштвото.

Сл. 2

За можноста да се учествува на Олимпијадата заслужни се поголем број на институции и претпријатија. За таа цел, Македонското географско друштво упатува голема благодарност за финансиската поддршка до:

Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет,

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;

Фонд за иновации и технолошки развој;

Агенција за млади и спорт;

Град Скопје;

Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип;

Општина Куманово;

Општина Карпош;

БИАНА ШУС ДООЕЛ Куманово;

ТУШЕВСКИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово;

КВАТРО ДОО Куманово;

ЈП Куманово-паркинг Куманово;

ЕКО ШТУРАЦ Друштво за трговија и услуги ДООЕЛ Куманово и

ТД ВИЛ АЛФИ БИ КОМПАНИ ДОО Куманово.

На учесниците им посакуваме пред се среќен пат, пријатен престој во Јужна Кореја, секако висок пласман и достојно претставување на Македонија и географијата. Пожелуваме да имаат убави спомени, нови стекнати пријателства, знаења и искуства.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Претседател на Македонско географско друштво