Магичните Азорски Острови
оригинално објавено на: 06.04.2013
Азорските острови или скратено Азори се португалски острови во северниот дел на Атланскиот Океан, околу 1500 км западно од брегот на Европа, т.е. од копнениот дел на Португалија. Азорските острови се истовремено и автономна покраина на Португалија, а нејзин најголем и главен град е Понта Делгада. Како што Азорските острови имаат статус на автономна покраина, така се и составен дел на Европската Унија како нејзин краен дел. Во ова територија се издвојуваат девет значајни острови. На запад се Флорес и Корво, во средината се Грасиоза, Теркеира, Сао Жорге, Пико и Фајал, додека Сао Мигел и Санта Марија се на исток. Азорските острови се буквално во средината на Атланскиот Океан, создадени од вулканска активност што се случила пред илјадници години. Затоа на повеќето од плажите на островите песокот има потемна боја, поради неговото вулканско потекло.
Азорските острови се познати од 14 век, како што може да се види во еден Каталонски атлас. Тие биле откриени во 1427 година од еден капетан кој пловел за познатиот португалец Хенри Морепловецот, кој случајно варќајки се од Канарските острови кон Португалија ги открил. Населувањето на островите почнало во 1439 година. Тамошното население има развиено свој оригинален идентитет и културни каректеристики од комбинација на португалските културни каректеристики и примеси од имиграцијата на разни народи со нивните култури кои се населиле на островите во минатите векови.
Азорските острови имаат прекрасна клима: во зима, просечната дневна температура е од 12 до 16 степени и никогаш нема снег, освен на највисокиот врв Пико. Во летните месеци, од јуни до септември температурата се движи од 17 до 25 степени, а од октомври до март, претежно е дождливо, а понекогаш се случува летните сончеви денови да бидат прекинати со поројни дождови.
Од описот на островите за нивната место положба, уникатност, климатските каректеристики и друго, не е чудно што привлекуваат голем број на туристи од целиот свет со најразлични вкусови, побарувачки и разнобаразен вид и тип на одмор:
луѓе кои сакаат уникатен и далечен магичен одмор, мир и медитација, посета на геотермални појави, стари вулкански остатоци (т.е. лава и кратери), љубители на фолклорот и традицијата (стари автентични села непроменети од нивното настанување со улици од калдрми, фармерскиот живот и сл.), дегустација на вина и сирења на местата каде се произведуваат, морска храна, пешачење или јавање на коњ по бујните зелени пејсажи, едрење, пливање со делфините и китовите, морски риболов, нуркање во прекрасните кристално чисти води, тури со џип и влегување во многубројните пештери, слушање на мистичните приказни од трансатланските авантури на морнарите од минатото и сето тоа и многу повеќе може да го доживеат токму на овие острови.
Религиозните фестивали се атракција како за посетителите така и за домашното население. ќе одвоиме дел од најважните верски настани кои се врзани со прославување на култот на Светиот Дух, кои честопати се нарекуваат фестивали на Светиот Дух или Еспирито Санто и се одржуваат на сите острови од мај до септември. Овие фестивали се многу важни за Азорскиот народ, кои се главно католици и комбинираат верски обреди со поворки кои ја славаат добродушноста и рамноправноста на сите.
Втор позначаен настан е Senhor Santo Cristo dos Milagres или Господ Христос на чудата во Понта Делгада на островот Сао Мигел. Тоа е најголемиот индивидуален верски настан во Азорските острови, а се одвива во петтата недела по Велигден. Верниците од рамките на португалската дијаспора вообичаено доаѓаат во Понта Делгада да учествуваат во празнувањето каде се одвива по прекрасните цветни украсени улици.

Втор позначаен настан е Senhor Santo Cristo dos Milagres или Господ Христос на чудата во Понта Делгада на островот Сао Мигел. Тоа е најголемиот индивидуален верски настан во Азорските острови, а се одвива во петтата недела по Велигден. Верниците од рамките на португалската дијаспора вообичаено доаѓаат во Понта Делгада да учествуваат во празнувањето каде се одвива по прекрасните цветни украсени улици .
Потоа фестивалот Nossa Senhora де Лурдес или нашата госпоѓа од Лудрес, патронот на китоловците, се слави во Lajes на Пико почнува во последната недела од август и трае до самиот ден на празникот. Се одбележува со опшествени културни настани поврзани со традицијата на Кито ловењето
Карневал има и на Азорските острови. Познати места за овој настан се Паради и Пјер кои се срцето на карневалските празнувања. Се празнуваат со жива музика, шарени костими, рачно изработени маски, традиционални борби со бикови и трчање со биковите по улиците.
Се организираат тури по островите кои нудат запознавање на тамошната историја, изучување и прочување на флората и фауната каде што туристите со огромно задоволство ги користат овие тури. Сместувачките капацитети се разновидни од желбата и вкусовите. Сместувачките опции вклучуваат:
– Луксузни хотели кој се наоѓаат на работ од некоја карпа кој имаат базенти со прекрасни цветни градини и поглед кон океанот.
– Хотели или вили кој поседуваат ресторани под лозници каде се служат домашни традиционални јадења од риба, месо и вегетаријанска храна.
– Вили во периферните делови на острови кои се изолирани од населените места за љубителите на мирот и медитацијата.
– Селски куќички за љубителите на селскиот туризам и итн.
Стигнувањето до ова дестинација е исклучиво со авион или брод. Но сепак, за љубителите на вакви дестинации мора да се знае дека во хотелите е секогаш резервирано па затоа најдобро би било однапред да се изврши резервација. Сепак, за таквите кои неможат да најдат резервација , тамошното население им стои на услуга и врши издавање на нивните приватни домови за посетителите.
За крај невозможно е да се спореди ова магично место со било кое на планетата, заради уникатноста на природната убавина и шарм што ја поседуваат. Азорските острови можат да се посетат во било кој период од годината.
Извори:
http://www.azores.com/
http://en.wikipedia.org/wiki/Azores
http://www.azoreschoice.com/
http://www.azoreschoice.com/the-azores/climate
http://www.fodors.com/go-list/2013/azores-islands/
Автор: Дејан Зафировски – студент на насоката туризам на Институтот за географија во Скопје
Подготовка: д-р Ивица Милевски