19 April 2025
АрхиваСвет

Лидо ди Јесоло – Убавина на Јадранот

оригинално објавено на: 10.03.2018

Лидо ди Јесоло е летувалиште во североисточна Италија, на Јадранското Море, во близина на Венеција. Се наоѓа во близина на северниот крај на венециската лагуна. На почетокот на дваесеттиот век, Јесоло била мала и незначајна копнена населба долга околу 500 метри во регионот Венето. Сега таа е долга 15 km, со ситен и светло кафен песок и бистра вода со температура од 16 степени. Големите песочни плажи, редови лежалки и ноќна забава привлекуваат илјадници туристи секое лето.

Некои од најинтересните места кои може да се посетат во Лидо Ди Јесоло

Пиратскиот брод за крстарење (The Pirate Cruise at Sea – Jolly Roger)

Пиратскиот брод за крстарење нуди забави за деца и возрасни, нудејќи го шармот на пиратите и нивните историски бродови, авантура која ветува дека ќе биде мошне забавна и единствена. Се одвива по должината на јадранското крајбрежје, со екскурзии во траење од час и половина.

Во летниот период, капетанот и екипажот на пиратскиот брод Jolly Roger ги посетуваат плажите на Лидо ди Јесоло и Кавалино-Трепорти за да најдат нови пиратски пријатели и да ги додадат во екипажот.

На бродот може да се купат неколку карактеристични сувенири, како мечови, пиштоли, куки, пиратски очи и слично.

Aqualandia Jesolo

Aqualandia е остров во срцето на Јесоло. Признат е како најдобар тематски парк на вода во Италија. На 80.000 m2 има забава, адреналин и спорт за сечиј вкус. Она што го прави овој парк уникатен е Shark Bay, единствената плажа во паркот, но и највисоката кула за банџи во Европа и професионални забавни активности.

Од 1989 година, Aqualandia нуди уникатна комбинација на релаксација, екстремни спортови и атракции за секоја возраст. Паркот е отворен од 27 мај до 10 септември.

Sea life – Lido di Jesolo

Вистински морски парк – за оние кои ги обожаваат морските животни и уживаат во нивно гледање. Во паркот може да се најдат примероци од морско коњче, морски ѕвезди, медузи, па и ајкули, односно, околу 5000 примероци од повеќе од 100 морски видови од светските мориња.

Tropicarium Park

Парк Тропикариум нуди големи изложби на животни во Јесоло. Аквариумот и рептилариумот, особено, имаат изложба во која може да се набљудуваат змии, желки, рептили и тропски риби, но исто така и пајаци, скорпии и инсекти. Тука има специјално создадена област во која е сместена галерија каде што има застрашувачки ајкули кои припаѓаат на 24 различни видови од целиот свет.

Pista Azzurra – патеката Азура

Изградена во 1962 година, меѓу првите патеки во Италија, а подоцна во 1985 година изменета во денешната патека, Pista Azzurra е вистинска икона на меѓународната картинг сцена.

Слика 1.

Во текот на овие нешто повеќе од 50 години Pista Azzurra доживеала возење на својата патека од најдобрите возачи на меѓународен картинг, од кои многумина пристигнале на врвот на F1 моторите, како што се Сена, Занарди, Шумахер, Физикела, Кубица, Бадоер, Хамилтон и многу други.

Pista Azzurra, исто така, беше домаќин на различни видови на настани, како што се Festivalbar и Ferrarissimo. Последното од нив е Bike Week, докажувајќи дека има мулти-функционалност способна да одговори на потребите на најразновидните настани.

Покрај споменатите, Лидо ди Јесоло нуди уште многу други забавни места и настани, со што полека прераснува во едно од поубавите европски летувалишта.

Извори:
www.aqualandia.it
www.italyheaven.co.uk
www.jesolo.it
www.jollyroger.it
www.pista-azzurra.com
www.tropicarium.it
www.tui.co.uk

Автори:
Никола Тенекиџиев, ученик во СОУ “Гоце Делчев” – Валандово Славица Тенекиџиева, дипломиран географ