22 January 2025
АктивностиАрхиваГеовести

Конкурс за геофотографија – 2018

оригинално објавено на: 22.08.2018

Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ започнува со серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Република Македонија. Идеата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со природните убавини кои постојат во Македонија и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме.

Сл. 1

Темата е „Кањони и водопади во Република Македонија“. Фотографиите може да се испраќаат до 31.08.2018 година, а право на учество имаат сите граѓани на Р. Македонија.

Апликација:

Учеството е бесплатно.

Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).

Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: АлександарСтојаноски_КањонМатка _1.jpg).

Фотографиите треба да се испратат на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com

Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот – и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.

Препорачан формат за фотографиите е JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.

Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба и за потребите на изработка на календарот за 2019 година.

Забелешка: Предвид ќе бидат земени само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси, кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.

За наградите кои се резервирани за победниците и за подетални информации за конкурсот кликнете овде.

Подготвил: Александар Стојаноски, Претседател на ИЗСГ „Природник“