Кои се водечките пристаништа во светот?
Пристаниште е простор на брегот кое служи за отседнување на бродовите кои обавуваат пренос на лица, стока или материи. Сите видови на пристаништа имаат голема економска важност, но доминираат оние со контејнерски сообраќај.
Водечките пристаништа претставуваат центри на светската трговија, кои ги креираат севкупните трговски текови. Покрај количината на испорачани стоки, при рангирањето се следат и технолошкиот напредок, иновациите и еколошките стандарди во работењето.
На светско ниво најзначајните пристаништа се лоцирани во Азија. Всушност дури 9 од водечките 10 пристаништа се од Азискиот континент. Единствениот „натрапник“ во листата е пристаништето во Ротердам.
1. Пристаништето во Шангај (Shanghai), Кина е изградено на устието на реката Јанг Це е најпрометно контејнерско пристаниште во светот. Ја има водечката позиција и во однос на поврзаноста со светот. Поделено е на два дела, и тоа пристаниште за морски и речен сообраќај. За негово беспрекорно функционирање се користат 129 докови и 19 терминали. Една од највпечатливите карактеристики на пристаништето во Шангај е неговата технологија за автоматизација, која ги рационализира операциите и ја подобрува ефикасноста.

(Извор: Gocomet)
2. Пристаништето во Сингапур (Singapore) Сингапур е исклучително важно во поморскиот сообраќај. Тоа претставува најпрометен центар за претовар на контејнери и најголемото пристаниште во јавна сопственост во светот. Препознатливо е по автоматизираноста во процесот на работа со тенденции да биде првото целосно автоматизирано пристаниште во светот.

(Извор: Gocomet)
3. Пристаништето во Нингбо (Ningbo), Кина е трето на листата и е поврзано со 600 други пристаништа низ светот. Toa e pристаниште кое забележа најголем раст во бизнисот со контејнери во светот. Поради неговото значење во поморскиот сообраќај во минатото (датира од пред повеќе од 2000 години) поседува историска важност. Пристаништето Нингбо може да се пофали со посебни предности за длабоки води. Во моментов, 20-те најдобри бродски компании во светот имаат свои агенции основани во пристаништето.

(Извор: Gocomet)
4. Пристаништето во Шензен (Shenzhen), Кина со неговите 260км должина претставува клучен јазол во светската трговија. Пристаништето Шенжен е колективно име на неколку пристаништа долж крајбрежјето на Шенжен. Се протега по должина од 260 километри од брегот. Пристаништето е исто така поделено со полуостровот Коулун на две области: источно и западно пристаниште.
Останатите водечки светски пристаништа се:
5. Port of Guangzhou, China
6. Port of Busan, South Korea
7. Port of Qingdao, China
8. Port of Hong Kong, Hong Kong
9. Port of Tianjin, China
10. Port of Rotterdam
Во Европа најзначајно е пристаништето во Ротердам, Пристаништето е портал на европскиот пазар за над 350 милиони корисници. Исто така се смета и за една од најважните крстосници за транспорт на материјални добра во светот. Годишниот капацитет е околу 450 милиони тони. Ротердам благодарение на својата позиција, одличната пристапност преку морето, внатрешните врски и многу компании и организации стана и водечки индустриски комплекс. Најважно за ова пристаниште е петрохемиската индустрија и водењето на општиот карго претовар.
Следат Антверпен и Бриж (Белгија), Хамбург и Бремерхавен (Германија), Валенсија, Барселона и Алхесирас (Шпанија), Феликстоу и Саутемтон (В. Британија), Марсеј и Ле Авр (Франција), Санкт Петербург (Русија) и Италијанските Џоиа Тауро и Џенова.
На Северно Американскиот континент најзначајни се: Јужна Луизијана, Њу Јорк и Монтреал.
Во Африка најзначајни се: Дурбан (Јужна Африка) и Момбаса (Кенија).
Во Австралија најзначајни се: Бризбејн, Сиднеј, Мелбурн и Аделаида.
Во Јужна Америка најзначајни се Колон (Панама), Сантос (Бразил) и Кингстон (Јамајка).
Користена литература:
https://www.gocomet.com/blog/top-ports-in-asia/
https://www.worldshipping.org/top-50-ports
https://lloydslist.com/one-hundred-container-ports-2020
https://www.searates.com/maritime/
https://www.ship-technology.com/projects/portofsingapore/?cf-view
http://kab.ningbo.gov.cn/art/2015/6/4/art_1229104453_47150149.html
Автор:
Христина Димеска Трајкова