Интересни факти за Сонцето
оригинално објавено на: 26 December 2012
Подолу се претставени некои од најинтересните факти за Сонцето. Некои од нив можеби ќе ги прочитате за прв пат.
Сонцето е ѕвезда од спектрален тип G2, што значи со умерено висока површинска температура и светло-жолтеникава боја.
Староста на Сонцето се проценува на 4,57 милијарди години.
Од вкупната маса на Сончевиот систем на Сонцето припаѓа 99,8 %. Сите останати небесни тела, планети, сателити, комети, астероиди, завземаат 0,2% од масата на Сончевиот систем.
74% од масата на Сонцето го сочинува водородот, 24% хелиум. Останатите 2% е се останато: кислород, јаглерод, железо, неон, азот…
Сонцето е доста сјајно. Од 50 на нас најблиски ѕвезди (до далечина од 17 светлосни години) Сонцето е четврто по апсолутна сјајност.\
Пречникот на Сонцето кој изнесува 1.392.000 km е за 109 пати поголем од Земјиниот пречник, а во неговата внатрешност би можеле да се сместат 1.3 милиони планети Земји.
Сонцето е гасовита топка и поединечните области на него се движат со различна брзина. Така на територијата на екваторот Сонцето една ротација направи за 25 дена, а на половите за 36 дена.
Површината на Сонцето има температура од 6000 степени, во хромосферата 100.000 степени, а во средишниот дел на короната дури милион степени целзиусови. Во средината на Сонцето температурата е околу 15.000.000 степени.
Сонцето се околу центарот на Галактика движи со брзина од 250 km/s.
Сонцето една револувија околу центарот на Галактика направи за приближно 225.000.000 години. Овој период е познат и под името „галактичка година“.
Сонцето не лежи баш во самата галактичка рамнина. Тоа е денес во однос на рамнината поместено на северната страна за 8 парсека (околу 26.000 светлосни години).
Од центарот на Галактиката Сонцето е одалечено 26.000 светлосни години.
Еден фотон од јадрото на Сонцето да стигне до површината на Сонцето му треба милион години, а од површината на Сонцето до Земјата 8,5 минути.
Светлината од Сонцето до Земјата пристига во просек за 499,012 секунди.
Само двемилијардити дел од енергијата на Сонцето ја погодува Земјата, и тоа е доволно за одржување на живот на нашата планета.
Секоја секунда од Сонцето се ослободува енергија која на Земјата би се потрошила спрема сегашната потрошувачка за 400.000 години.
Секоја секунда на Сонцето се ослободува енергија на електромагнетно зрачење, која одговара на енергија на експлозии на 100 милијарди нуклеарни бомби од 1 мегатон ТNT.
Сонцето секоја секунда претвара 700.000.000 тони водород и нешто помалку од 695.000.000 тони хелиум.
Секоја секунда Сонцето губи околу 5.000.000 тони од својата маса во вид на енергија-зрачење.
Извори:
http://astronomija.co.rs/sunev-sistem/sunce/6612-injenice-o-suncu.html
Подготвил: Филип Ѓошевски