Институтот за географија успешно се претставува на меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″
оригинално објавено на: 27 April 2012
На меѓународниот саем „Денови на образование и кариера 2012″, кој почна во вторник, 24-ти април, во 18 часот на Скопски саем, Хала 4, беа претставени студиски програми од 12 земји од светот. На Саемот се претставуваaт вкупно 45 универзитети со повеќе од 170 факултети од земјава и странство. Средношколците, студентите и професионалците од различни области можат да се запознаат со студиски програми во дванаесет држави од целиот свет, меѓу кои Грција, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Италија, Данска, Велика Британија и Канада.

Институтот за Географија при Природно – математичкиот факултет во Скопје предводен од наставниците, соработниците и студентите досега успешно се претставува на Саемот за образование. На штандот поставен во рамките на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, идните академски граѓани имаат можност да се запознаат со студиските програми изработени според светските стандарди, кои нудат можности за пракса и вработување. Кај средношколците постои голема заинтересираност за студирање на атрактивните насоки: Наставна географија, Туризам, ГИС (Географски – информациски системи), Демографија и Физичка географија со геоекологија. Освен за додипломските студии, голем интерес постои и за студирање на втор и трет циклус на студии кои се организираат во рамките на Институтот за географија.

Во истиот период на Скопски саем се одржува и Меѓународниот саем на туризам “Скопје травел маркет 2012” на кои се претставуваат околу 40 агенции и 14 хотели од Република Македонија. На посетителите на овој саем им се претставуваат туристички аранжмани за претстојната летна сезона 2012, па според атрактивноста се издвојуваат понудите за Турција и Грција, а како новост се јавува и понудата за турски Кипар. Како земја – партнер на саемот за туризам се јавува Бугарија, а покрај неа своите туристички потенцијали ги претставуваат и други земи меѓу кои: Турција, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија.
Меѓународниот саем за туризам “Скопје травел маркет 2012”, организирано го посетија и студентите од насоката ТУРИЗАМ на Институтот за Географија при Природно – математичкиот факултет во Скопје и истите имаа можност да се запознаат со најновите туристички аранжмани и производи во земјата и пошироко во регионот

ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА ВЕ ОЧЕКУВА!!! СТУДИРАЈТЕ СО НАЈДОБРИТЕ!!!
Подготвил: д-р Дејан Илиев