27 March 2025
АрхиваГеовести

ИЗСГ-Природник по втор пат на Солунска Глава

оригинално објавено на: 05 Dec 2011

Од 2-4.12.2011 година ИЗСГ- Природник организираше мотивационен викенд во Папрадиште. Една од замислените цели на овој мотивационен викенд беше пешачење до Чеплес, но двајца студенти Боби Стојчевски, Глигорије Џилвиџиев и еден дипломиран географ Александар Кирковски, сите членови на ИЗСГ-Природник, подржани во својата идеа од останатите учесници решија по втор пат да ја искачат Солунска Глава (2540м), а воедно да бидат дел од  традиционална маршута организирана од планинарите од целата држава, со цел одавање на почит на четири планинари кои се загинати од лавина во Горна Бабина Дупка.  За разлика од планинарите кои тргнаа на маршот од Чеплес до Долна Бабина Дупка, Горна Бабина Дупка, Солунска Глава и назад, маршутата на членовите на ИЗСГ Природник беше малку подолга што тие тргнаа од Папрадиште. Замисленото беше остварено, за разлика од првото искачување кога временските услови не беа најдобри, при второто искачување подобро време неможеше ни да се замисли. Добрите временски услови, големиот мотив за достигнување на највисоката точка од планината притоа движејќи се низ прекрасната природа која ја нуди планината Јакупица, сето тоа се спои во едно и целта беше неизбежна. Се надеваме дека традицијата ке продолжи, а престојот на нашите планини да ни биде секојдневие.

Првото искачување беше на 02.07.2011 година, кога ИЗСГ Природник организираше годишен камп на Караџица, а дел од програмата беше искачување на највисокиот врв на масивот Јакупица (Солунска Глава)Учество во оваа екпедиција земаа 5 студенти географи и еден дипломиран географ. Експедицијата до врвот Солунска Глава траеше 6 часа, притоа движејќи се низ многу променливо време проследено со магла и дожд. За време на престојот на врвот Солунска Глава температурата на воздухот се движеше околу 9 ºC. Храбро и многу напорно оваа екпедиција ја издржаа: Марта Дуковска, Александар Кирковски, Дарко Иванов, Благојче Бошковски, Стефан Ордевски и Дарко Стојчески.

Напишале: Глигорије Џилвиџиев и Дарко Стојчески