28 March 2025
АрхиваСвет

За преместувањето на главните градови во светот

оригинално објавено на: 09.06.2018

Сл. 1 БРАЗИЛИЈА, НОВИОТ ГЛАВЕН ГРАД НА БРАЗИЛ

Преселување на главните градови се врши поради тоа да се сврти вниманието на некоја политичка цел. Макијавели во почетокот на 16 век пишувал дека владетелот, доколку сака да ја зацврсти власта во некоја провинција, треба само да ја „пренесе“ престолнината. Мадрид, Анкара, Бразилија – постанале главни градови поради својата централна положба. Основање на Бразилија во 1960 год. имало за цел да го сврти вниманието на Бразилците на кај Амазонија и да ги „дезатлантизира“. Пренесувањето на престолнината од Карачи во Исламабад имало за цел да го привлече вниманието на Пакистанците према Кашмир. Тој град е основан само неколку километри од линијата на индо-пакистанското примирје. Бугарите порано го имале Плисков и Трново, потоа (на предлог на историчарите К. Јиречек и М. Дринов 1879) Софија станала престолнина – град во релативен центар на таканаречената „Голема Бугарија„ а ексцентрично положен во однос на денешната Бугарија. На Кралството Црна Гора престолнината и била во Цетиње, а на истоимената република во Подгорица ( од 1945-1991 год. под името Титоград), која се наоѓа на поволна сообраќајна положба.

Сл. 2 ГРАДОВИ КОИ ГО ИЗГУБИЛЕ ИЛИ ДОБИЛЕ СТАТУСОТ НА ГЛАВЕН ГРАД ВО ПОСЛЕДНИТЕ 300 ГОДИНИ
Сл. 3 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ

Престолнината на Кнежевството Србија била во Крагуевац, а потоа во Белград (1841), пограничен град према Австро-Унгарија. Прва престолнина на денешна Р. Србија била во Рас, потоа во Приштина, Призрен, Скопје, Крушевац, Смедерево, Белград, Крагуевац и конечно Белград. Дебатирајќи за „виталните делови“ кои условуваат егзистенција на една држава, Кјелен наведува пример со Србија: „Со Белград српската држава била сложена и со Белград е изгубена“. Според тоа, кој го држи Белград тој ја држи и Србија. Белград е постар од Србија, но тој „процветал“ дури кога постанал престолнина на таа држава. За време на пропаѓање на српската држава, србите имале таканаречени „амбулантни престолнини“ – духовни центри како што биле Сремски Карловци, Пеќка Патријаршија и Трст. Во тоа време Белград бил само погранична тврдина.

Јапонија во периодот од 1637-1867 година била затворена за странците, а главен град на феудалната држава бил Кјото. Буржоазиската револуција во 1867 година го тргнала од тронот последниот шогун и воспоставила апсолутна монархија. Во исто време Микадо извршил реформа Мејхи (просветлување) и ја пренел престолнината во Токио, приморски град погоден за воспоставување на врската со светот.

Берн постанал главен град на Швајцарија во 1848 година, како компромис помеѓу католиците и протестантите на франкофонското и германофонското население.

Промените на локациите на главните градови не се ретки во историјата. Во Полска главен град бил Гњезно, од 1596 год., Краков, потоа Варшава поради централната положба. Рускиот цар Петар Велики во 1712 година ја преместил престолнината од Москва во новоизградениот Санкт Петерсбург, кој требал да биде „прозор на запад“ и врата за уклучување на Русија во светската економија. Советската власт во 1918 год. го вратила главниот град во Москва поради централната положба (Санкт Петерсбург во 1924 год. го променил името во Ленинград, а 1991 год. е вратено старото име). Мотивите за преместувањето можат да бидат тежнеењето да се зголеми економската улога на поединечните географски региони, а можат да бидат и воено-стратешките мотиви дури и престиж и демонстрациите во власта.

Главните градови преместувани се од приморските подрачја во внатрешноста поради централната положба, или обратно, од внатрешноста на кај морските и океанските брегови поради полесно поврзување со светот. Централна положба имаат Мадрид, Варшава, а ексцентрична Буенос Аирес, Триполи, Пекинг. Некои главни градови имаат изразено ексцентрична положба како последица на колонијализмот. Пример се Конакри, Дар Ес Салам, Фритаун, Лагос, Монровија. Некои се преместувани после стекнување на независност, како Нуакшот (1960) во Мауританија, Габероне (1970) во Боцвана. Габероне има изразено ексцентрична положба со границата со Боцвана и ЈАР. Во Мјанмар (Бурма), престолнината најпрво била преместена од местот Мандaлeј во пристанишното место Јангон (или Рангун), а во 2006 година од Јангон е преместена во Непјидо. Во Тајланд престолнината била преместена од местото Ајутаја во Бангкок. Индија во 1912 год. престолнината ја пренела од пристаништето Калкута во тогаш помал град Делхи во внатрешноста.

Турција во 1453 год. за главен град го имала Константинопол (турски Истанбул, македонски Цариград). Од 1923 год. главен град е Анкара, поради тоа што Истанбул поради промените во границите станал периферен град. Веќе споменатата Бразилија започнала да се гради 1960 год. околу 900 км од океанот и поранешниот главен град Рио де Жанеиро. Танзанија во 1974 год. го преместила главниот град од Дар Ес Салам во внатрешнот град Додома. Нигерија одлучила да го премести главниот град од Лагос во провинциско, и што е најбитно, во етнички поглед неутрално место Абуџа. Аргентина во 1986 год. најавила изградба на нов главен град на вливот на реката Рио Негро, далеку на југот од Буенос Аирес. Белизе ја пренела престолнината од градот Белиз во Белмопан далеку во внатрешноста на територијата во државата, да би го зацврстила националното единство и етничката интеграција, а и да се избегне страдањето од ураганите. Казахстан (1998) ја пренел престолнината од периферниот град Алмати (или Алма Ата) во градот Акмола (Бел Гроб), кој подоцна поради несоодветно име бил преименуван во Астана (Главен град).

Промените на имињата на главните градови настанале после националниот ентузијазам после стекнувањето на независноста. Бурма 1989 год. го добила името Мјанмар, потоа неговиот претходен главен град Рангун – Јангон. Поради „африканизација“ 1960-70-ти години на некои градови им се вратени старите имиња. Леополдвил станал Киншаса, Форт Лами – Нџамена, Солзбери – Хараре, Лоренцо Макреш – Мапуто. Има и други примери на кои имињата им се давани на сепаратистичките лидери или револуционери (Санкт Петерсбург – Ленинград, Подгорица – Титоград, Сајгон – Хо Ши Мин, Бишкек – Фрунзе, Урга – Улан Батор). После падот на социјализмот во Источна Европа 1990-ти години, најчесто им се вратени старите имиња.

Литература:

1. R. Kjelen – Država kao oblik života: suvremena teorija o državi (preveo Fran Magjarevič, Matica hrvatska, Zagreb, 1943.

2. М. Грчић – Политичка географија, Географски факултет, Београд, 2000.

3. М. Грчић & Н.А. Слука – Глобални градови, Географски факултет универзитета у Београду, Београд, 2006.

Подготвил: Филип Ѓошевски – Дипломиран географ