Експедиција: Стаза Шопова 2010 (30.09-05.10.2010)
оригинално објавено на: 15 Nov 2011
10.10.2010. Од архивата…Традиционално ИЗСГ Природник беше гостин на експедицијата наречена Стаза Шопова. Стаза Шопова 2010 се одвиваше наизменично во Србија и Бугарија. На оваа експедиција учество заземаа 14 студенти од различни студенски години од Институтот за Географија.
Првиот ден беше искористен за разгледување на градот Ниш и одење до Власина. Вториот ден од експедицијата претставуваше дестинацијата Пл. Грамада и искачување на нејзиниот врв Вртоп 1719 м. За време на пешачењето по околниот терен беа забележувани повеќе видови на шумско овошје (капинки, боровинки и сл.) чаеви, печурки (меѓу кои беше препознаена една од најубавите, но и една од најотровните печурки во светот: Аманита Мускарија) и сл. Третиот ден целта беше посета на Планината Руј и воедно искачување на нејзиниот највисок врв Руј 1706м. кој се наоѓа помеѓу Бугарија и Србија. Од овој врв се отвараше широк видик кон сите страни, на југ широко се отвараше Транското поле со акумулацијата Јарловци, на југозапад беше забележано Власинското езеро, на североисток беше забележан специфичниот кањон на реката Јерма (Ерма) и сл.Четвртиот ден беше дестинацијата Кањонот на реката Ерма. Целта беше пешачење низ течението на Ерма, забележување на разгранетоста на кањонот, разгледање и фотографирање на одредени слапови, брзаци и сл. Искачување на една карпа над самиот кањон, на која имаше добар видиковец. Упатување кон Трн, разгледување на градот, посета на една мала пештера во чиј отвор била изградена црква во чест на Св. Петка. Петтиот работен ден поради неповолните утрински часови (појаки врнежи на дожд) планираните активности се одложија. Со престанокот на дождот се доби слободно време за прошетка низ градот. Кај 13 часот групна посета на општина Димитровград. Мала едукација за историјата на градот, за целта на Стаза Шопова и сл.
Стаза Шопова претставува една супер организација, која успеа да ги зближи младите од три различни земји. Нејзините цели се постигна, се избегнаа сите политички, религиозни, национални и други провокации и проблеми кои постојат помеѓу овие народи, се постигнааа многу пријателства кои ветуваат многу нешта. Истражувачкото здружение на студенти географи Природник е презадоволно од дочекот, програмата и испраќењето од организаторот. Севкупно гледано оваа експедиција заврши во најдобар и највисок ред.
Напишале: Г. Џилвиџиев, Д. Стојчески, С. Реџепи