22 January 2025
АктивностиАрхива

Едукативни географски предавања за учениците од основните училишта во Битола

оригинално објавено на: 04 Mar 2012

Регионалното географско друштво Геосфера од Битола во месец декември 2011 год. реализираше едукативни предавања и работилници од популарни географски теми за надарените ученици од регионот. Предавањата се одржаа во просториите на Гимназијата Јосип Броз-Тито од Битола, на кои присуствуваа и дел од наставниците по географија. Три недели по ред 50 ученици од 10 основни училишта од регионот се дружеа со географијата и ги проширија своите знаења од областа на следниве теми: Вулкани на Земјата – предавач на оваа тема беше Мите Ристов (проф. по географија во Гимназија Јосип Броз-Тито и ОУ Тодор Ангелевски од Битола)

Слика 1.

Земјотреси и цунами – предавач Даниела Ристова (проф. по географија во ОУ Ѓорѓи Сугарев од Битола)

Пештери – предавач Гордана Бошковска (проф. по географија во ОУ Тодор Ангелевски од Битола)

Едукативните предавања беа реализирани со голема интерактивност (презентација на фотографии и видео клипови, анализа на податоци и текст) и активна примена на ИКТ-технологија од страна на учениците (со дадени линкови од веб страници), што само по себе придонесе за голема мотивираност и учество во истите. Сите учесници на предавањата добија соодветен печатен материјал со популарни текстови од посочените теми, а за успешно учество во предавањата и работилниците добија потврди за учество. Сите материјали од едукативните предавања можете да ги видите на веб страната на РГД „Геосфера“-Битола http://rgdgeosfera.tripod.com/

Подготвил: Мите Ристов, дипл. географ