Достапни најновите снимки од сателитот Landsat 8
оригинално објавено на: 12.07.2013
Ландсат 8 е американски сателит за опсервација на Земјата лансиран на 11.02.2013 година. Тој е осмиот сателит од програмата Ландсат; седмиот којшто ја достигнал орбитата успешно. Оригинално наречен eLandsat Data Continuity Mission (LDCM) и претставува соработка помеѓу НАСАиамериканското геолошко друштво (USGS). Со завршувањето на мисијата Ландсат 5, оставајќи го Ландсат 7 како единствен сателит во орбитата на Земјата, Ландсат 8 и понатаму ќе обезбеди континуирано прибирање и снимање на податоци за земјината површина. За оваа цел Ландсат 8 користи два инструмента за далечинско детектирање: Operational Land Imager (OLI) и Thermal InfraRed Sensor (TIRS).Снимките добиени од овие два инструменти се состојат од девет спектрални појаси со кратка бранова и два спектрални појаси со долга бранова должина. Податоците од Ландсат 8 се базираат на просторна резолуција од 15 до 100 метри и временска резолуција од 16 дена. Подетални информации се дадени во табела 1.
Ландсат 8 | Спектрален појас | Бранова должина µm | Резолуција (метри) |
Појас 1 –длабоко син | 0.43 – 0.45 | 30 | |
Појас 2 –син | 0.45 – 0.51 | 30 | |
Појас 3 –зелен | 0.53 – 0.59 | 30 | |
Појас 4 –црвен | 0.64 – 0.67 | 30 | |
Појас 5 – блиско инфрацрвен | 0.85 – 0.88 | 30 | |
Појас 6 – средно инфрацрвен 1 | 1.57 – 1.65 | 30 | |
Појас 7 –средно инфрацрвен 2 | 2.11 – 2.29 | 30 | |
Појас 8 –панхроматски | 0.50 – 0.68 | 15 | |
Појас 9 –цирус | 1.36 – 1.38 | 30 | |
Појас 10 – термално инфрацрвен 1 | 10.60 – 11.19 | 100 | |
Појас 11 – термално инфрацрвен 2 | 11.50 – 12.51 | 100 |
Спектралните појаси на OLI сензорот, иако слични на ETM+ сензорот од Ландсат 7, нудат подобрување во однос на претходните Ландсат инструменти, со додавање на два нови спектрални појаси; длабоко син канал (спектрален појас 1), којшто е специфично дизајниран за истражување на водните ресурси и крајбрежните зони, како и нов инфрацрвен канал (спектрален појас 9) за детектирање на облаците, цируси. TIRS инструментот пак, собира два спектрални појаси на бранова должина, односно спектралните појаси 10 и 11, кои кај претходните TM и ETM+ сензорибеа опфатени во само еден појас. Бидејќи податоците од Ландсат 8 вклучуваат нови спектрални појаси, комбинациите кои се користат за добивање на RGB композитни снимки се разликуваат од оние на Ландсат 7. На пример, за добивање на реално колоритен приказ, кај Ландсат 7 се комбинираат појасите 3,2,1, додека кај Ландсат 8 треба да се користи комбинацијата 4,3,2.
Ландсат 7 | Ландсат 8 | |
Блиску инфрацрвени композитни слики | 4,3,2 | 5,4,3 |
Реално колоритен приказ | 3,2,1 | 4,3,2 |
Лажно-колоритна снимка | 5,4,3 | 6,5,4 |
Лажно-колоритна снимка | 7,5,3 | 7,6,4 |
Лажно-колоритна снимка | 7,4,2 | 7,5,3 |
Ландсат 8 ја заобиколува Земјата на секои 99 минути, движејќи се со брзина од околу 27.360 km/h, на просечна височина од 705 километри, повторувајќи ја истата патека на секои 16 дена. Дневно собира околу 400 сцени, кои се зачувани во архивата на американското геолошко друштво (USGS), а за симнување се достапни по 24 часа од нивната аквизиција. Според плановите, се очекува мисијата Ландсат 8 да трае од 5 до 10 години. Набрзо се очекуваат и првите снимки кои ќе бидат достапни за територијата на Република Македонија, со што би се добила многу релевантна и најнова претстава за промените на вегетацијата, населбите и другите елементи на површината. Најновите снимки од ландсат 8 можете да ги видите и симнете на овој линк: http://landsat.usgs.gov/LDCM_Landsat8.php
Извор:
http://landsat.usgs.gov/LDCM_Landsat8.php
http://landsat.usgs.gov/ldcm_vs_previous.php
http://landsat.usgs.gov/L8_band_combos.php
Подготвил: Томе Јовановски