ДЕНОТ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ 16-ТИ ДЕКЕМВРИ
На 18.12.2023 година – понеделник, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа свеченост по повод одбележувањето на Денот на Природно-математичкиот факултет – Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј ” во Скопје, 16-ти декември. Во рамките на свечениот настан, се одбележа и 77 години од постоењето на факултетот.

Извор: Facebook
Свечениот настан се одржа под раководство на деканот на Природно-математичкиот факултет, Проф. д-р Даворин Трпески. На Свечениот настан покрај членовите Природно-математичкиот факултет во Скопје, присуствуваа и претставници и проректори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Министерството за образование и наука, дипломирани студенти, магистри, бројни родители и гости. Покрај свеченото обраќање на деканот на Природно-математичкиот факултет, обраќање на свечениот настан одржа и министерот за образование, Д-р Јетон Шаќири.

Извор: Арсе Кузманоски.
Истовремено се доделија признанија на пензионирани вработени на Природно-математичкиот факултет за 2023 год. и нивниот придонес во работата и развојот на факултетот, како и доделување на признанија за вработените со 20 години непрекинат работен и научен стаж во рамките на Природно-математичкиот факултет.
За време на свечениот настан, се изврши промоција на магистри, каде што од Институтот за географија оваа година беше промовиран асистент магистар Емилија Маневска.

Извор: Арсе Кузманоски
Во текот на свечениот настан, се изврши и промоција на најдобрите дипломирани студенти по соодветните институти во рамките на факултетот. Наградата за најдобриот дипломиран студент на Институтот за географија, ја доби Дарио Стојановски со постигнат просек 9.87, студент на насоката Туризам со вкупно времетраење на студиите од 4 години, 4 месеци и 14 дена.

Извор: Арсе Кузманоски.
Исто така, во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа и промоција на дипломираните студенти како и доделување на нивните дипломи. Во текот на студиската 2022/23 година, вкупно дипломирале 37 студенти, од кои 12 студенти на наставна насока, 13 на насоката туризам, 2-ца студенти на насоката демографија и 10 студенти на насоката географски информациски системи.

Извор: д-р Владимир Златаноски

Извор: Арсе Кузманоски
Институтот за географија се гордее со сите свои магистрирани и дипломирани географи. Им честитаме за нивниот успех и посакуваме успешни понатамошни кариери.
Напишал: Виш лаборант Кузманоски Арсе