28 March 2025
АрхиваВселена

Вселенскиот телескоп Џемјс Веб – Голем чекор за човештвото и отворена врата за знаење на генерациите што доаѓаат

оригинално објавено на:

14.07.2022

Првите слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб ни покажаа дека има повеќе да се види и секогаш има повеќе да се научи и сега имаме можност да го направиме тоа. Телескопот Џејмс Веб кој вреди околу 10 милијарди долари претставува најголем оптички телескоп во вселената, кој е лансиран измината 2021 година, истиот се карактеризира со  значително подобрена инфрацрвена резолуција и поголема чувствителност, што му овозможува да гледа и регистрира објекти премногу стари, оддалечени или слабо видливи за претходниот вселенскиот телескоп Хабл.  Подобрената резолуцијa дозволува да се видат галаксии кои се толку далеку што на светлината од тие галаксии ѝ се потребни милијарди години за да стигне до телескопот (13,5 милијарди години). Фотографиите се добиени со инфрацрвениот спектар со досега највисока резолуција. Во со комбинација од уште неколку фотографии со различни бранови должини, се добиени конечни резултати, кои што се презентирани со светската и научната фела.

Добиените слики даваат еден нов возбудлив поглед на потенцијалот на опсервација на универзумот. Со помош на него може да погледнеме наназад во почетокот на времето, да ја испита длабоката структура на универзумот и да овозможи проучување на атмосферите обвиткани околу планети кои се милиони светлосни години оддалечени од Сончевиот систем.

„Воодушевен сум и многу ми олесна“ изјави Д-р. Џон Матер, научник од НАСА вклучен во мисијата. Потоа во изјавата за британскиот весник „Гартиан“ вели: „Ова беше толку тешко и траеше толку долго. Невозможно е да се пренесе колку навистина беше тешко… но ние го направивме тоа“.

Д-р Бил Окс, проект менаџер на телескопот Веб изјави: Телескопот е во „одлична форма“ и ги исполнува или ги надминува неговите научни барања.

Првата слика го прикажува јатото галаксии SMACS 0723 како што се појавило пред 4,6 милијарди години, со многу повеќе галаксии пред и зад јатото. Многу повеќе за овој кластер ќе биде откриено кога истражувачите ќе почнат да ги обработуваат податоците од телексопот. Јатото галаксии е снимено и со средноинфрацрвениот инструмент на Веб (Mid-Infrared Instrument – MIRI), кој ја набљудува средната инфрацрвена светлина.

Останатите фотографии ги прикажуваат џиновската егзопланета WASP-96b (Слика2), маглината Јужен прстен (Southern Ring Nebula) (Слика 3), четвртата фотографија е од Стефановиот квинтет, со визуелен приказ на 5 галаксии и активна црна дупка (која и ако црната дупка не е визуелна видлива, но гравитационото влијание се забележува врз околните галаскии) и последната петта фотографија е прикажана Маглината Карина  (NGC 3372), истата претставува масивен регион во склоп на Млечниот пат каде што се создаваат ѕвезди.

Слика 1. ЈАТОТО ГАЛАКСИИ SMACS 0723

„Невидените детали и резолуција на сликите ќе бидат трансформациски за астрономијата и ќе овозможат многу подлабоко разбирање на универзумот отколку што имаме во моментов“, изјави Мартин Барстоу, професор по астрофизика и вселена на Универзитетот во Лестер.

Развиен во соработка со европските и канадските вселенски агенции, телескопот Веб користи основно огледало од 6,5 метри за да го открие слабиот сјај на некои од најстарите и најоддалечените ѕвезди во космосот. Бидејќи универзумот се шири, светлината од далечните објекти се протега од пократките кон на подолгите бранови должини. Во тој смисол видливата светлина се протега во инфрацрвениот дел од спектарот, таа може да се открие со инструментите на Веб, кои се три пати поостри и 100 пати почувствителни од оние на претходниот телескоп Хабл.

Слика 2. ЏИНОВСКАТА ЕГЗОПЛАНЕТА WASP-96B
Слика 3.MАГЛИНАТА JУЖЕН ПРСТЕН (SOUTHERN RING NEBULA)
Слика 4. СТЕФАНОВИОТ КВИНТЕТ, СО ВИЗУЕЛЕН ПРИКАЗ НА 5 ГАЛАКСИИ
Слика 5. МАГЛИНАТА КАРИНА (NGC 3372)

Слика 5. Маглината Карина (NGC 3372) Дефенитивно може да се каже дека со најновиот телескоп Веб, човештвото и науката влегуваат во нова ера на откритија, кои ќе придонесат за подообро разбирање на потеклото на универзумот. Фотографиите можете да ги видите и симниете на следниот официјален линк на НАСА: https://webbtelescope.org/news/first-images/gallery

Извори:
https://www.nasa.gov/
https://webbtelescope.org/news/first-images/gallery
https://webbtelescope.org/contents/news-releases/2022/news-2022-038
https://esawebb.org/news/weic2210/
https://www.esa.int/Science_Exploration/Space_Science/Webb/Webb_reveals_Cosmic_Cliffs_a_glittering_landscape_of_star_birth
https://www.theguardian.com/science/2022/jul/12/nasa-publishes-flurry-of-images-from-james-webb-space-telescope

Подготвил: Арсе Кузмановски, Виш лаборант, Институт за географија