Во сабота, 21 март, МГД организира семинар за наставниците по географија
оригинално објавено на: 14.3.2015
Согласно програмските активности, претседателството на Македонското географско друштво на ден 21.03.2015 година (сабота) во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во терминот од 10 до 14 часот организира стручен семинар за наставниците и професорите по географија во основните и средните училишта.

Семинарот е наменет за стручно усовршување на наставниците во основните и средните училишта по предметот географија. Главни теми за расправа се:
Природните науки и географијата и
Географијата и глобализацијата
За семинарот се предвидени следните предавачи и теми:
Проф. д-р Благоја МАРКОСКИ
Компетентност на географите за одржување на наставата од предметот природни науки со примери од картографија.
Проф. д-р Ивица МИЛЕВСКИ
Презентација на содржините поврзани со Земјата во вселената во предметот природни науки.
Проф. д-р Олгица ДИМИТРОВСКА
Менување на природата и животната средина со процесите на урбанизација, индустријализација, инфраструктура и други склопови.
М-р Горан КИТЕВСКИ
Европа и Европската унија низ процесите на глобализацијата.
Во интерес на вашето перманентно образование искрено Ве очекуваме, а во контекст на целта која ја имаме претседателството на Македонското географско друштво го замолува директорот на вашето ценето училиште да ги превземе потребни-те мерки и да Ви овозможи учество на овој семинар.
Македонското географско друштво за непосредното учество на семинарот издава соодветен сертификат.
Претседател на Македонско географско друштво,
проф. д-р Благоја Маркоски